Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
Фудбалот е заебана игра. На секој млад талент кој се пробива има дваесет млади таленти кои пропаѓаат. Малку се оние на кои им се насмеала среќата, како на пример на Харви Езајас кој беше член на Милан во славните денови а никој не го знае.
Колку и да е добар, за што често го фалиме и ние, овој однос на Месут Озил е непрофесионален. И 5:0 да губиш, срамота е вака да дремеш на средина на терен и само да ја гледаш топката.
Ако изброивме добро во акцијава на Барселона која ја заврши Суарез со гол, Иниеста и Меси успеаа мајмуни да направат 7 фудбалери на Еспањол, значи пазете 7, а Иниеста прво се лизна.
За најнесмасен голман ова коло дефинитивно го прогласуваме Пауло Казанига од Рајо Ваљекано. Ова е како да ти фали човек за фудбал па викаш било кого само за да се игра.
Со деби настапот и деби голот на Александар Трајковски оваа сезона, Палермо успеа да направи луд пресврт во Џенова и тоа благодарение на двајцата македонски напаѓачи кои ја завршија работата во 90-та минута. Иле асистираше, Трајковски погоди.
Еден од шестмината преживеани од авионската несреќа, бекот на Шапекоенсе Алан Рушел (27), по излегување од болницата се појави на прес-конференција и кажа дека ќе ја продолжи кариерата во чест на неговите загинати соиграчи.
Обично велат дека тој што е со топка не може да биде толку брз како тој што го брка, но не велите два пати така за Анри, Рашфорд и Меси или понекогаш и за Бејл. За брзи играчи важат и уште многу други играчи како Роналдо, Куман, Салах...
Како и што најави организаторот, пред мечот Сандерленд - Челси, малиот Бредли Лоуери кој боледува од рак и според лекарите му останува уште неколку месеци живот го постигна првиот гол во мрежата на Асмир Беговиќ, а целиот стадион го награди со аплауз. Сега во Англија има кампања неговиот гол да биде прогласен за гол на месецот.
Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.
Нашето јубилејно 10-то запознавање со фан клубовите од Македонија е со навивачите на Арсенал кои веќе една деценија се организираат во чест на нивниот омилен клуб. 150 се регистрирани членови, а 80 од нив беа неодамна на гостување во Софија на ЛШ, каде урлаа од радост на пресвртот кој го направи Озил со мајсторија во финишот.
Најефикасни екипи сезонава во своите лиги се Реал Мадрид и Ливерпул со по 40 голови, Рома има 36, а Баерн 34 и сите овие може да му свирнат под прозор на Монако кој е на бод зад лидерот Ница со 53 гола на 17 средби или во просек по 3 на натпревар. Го вратија од мртвите и Фалкао кој им е најдбар стрелец со 10 гола.
Да го имаш во екипа Макелеле или по ново Н’Голо Канте’ и да го продадеш, тогаш мора да ти биде јасно дека си направил тежок кикс и голема дупка во среден ред. Дечкото од Мали лани беше број 1 во Премиер лигата по број на украдени топки и лизгачки стартови и со своите зрели 25 години сега го држи средниот ред на Челси или поточно цел терен. Не за џабе го платија 32 милиони фунти.
Иако не се работи за Реал Мадрид, Барселона или Баерн каде знаеме ѕвездите какви пари млатал, ниту пак за Премиер лигата каде зајдоа со пари, сепак и во француското првенство се вадело добар леб, ама треба да ти се паднат газди Шеици.
Пред неколку години Борнмут се влечеше во мизерија во третата дивизија. Главна цел на клубот беше да се ослободи од долговите и да избегне банкрот. Денес тимот е полноправен борец во Премиер лигата способен да го победи Ливерпул.
Лино Червар го објави поширокиот список за престојното Светско ракометно првенство во Франција кое се игра од 11 до 29-ти јануари и кога оп изненадување. Кам бек прави Филип Миркуловски кој се повлече од репрезентација на дуелот против Чешка на 15 јуни, кога и го заверивме пласманот.
Со погодоците на Бензема и Роналдо, Реал Мадрид ја совлада Клуб Америка и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство. За голот на Роналдо во 93-та беше употребена видео технологијата за да се утврди дали имаше офсајд, па судијата ги искомпликува работите.
По видео технологијата која синоќа го имаше своето деби, Светската куќа на фудбалот се подготвува за уште едно ново историско правило по кое повеќе ништо нема да биде исто на Мундијалите и ќе придонесе за поголема правда.
Покрај неизоставниот „Енфилд Роуд“, тука се уште и стадионите на Севиља, на Урава Ред Дајмондс од Јапонија, Рома, Фенербахче, Борусија Дортмунд, Селтик. ПАОК, Розарио Централ.
6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.