Во последните 30 години на Сан Сиро продефилираа еден куп славни фудбалски имиња, а еден од нив е Алесандро Костакурта кој целата кариера му ја посвети на Милан. Стана дел од црвено - црното семејство во 1986-та токму од стартот на ерата на Берлускони и играше до 2007-ма или поточно до својата 41-ва година од животот.
Впечатоците на првата средба на играчите со него биле вакви:
„Ни изгледаше на лудак, малку удрен во тоа главата. Хеликоптер, јавање коњи, униформи, секогаш исти чевли. Тоа не беа вообичаени работи за тоа време. Му се чудевме на некои негови навики, но сепак тој уште веднаш се виде дека многу сериозно се фаќа за работа. Кога почна да купува силни играчи, го доведе Гулит кој во тоа време беше еден од најскапите во свет“.
Прелистувајќи од албумот на спомени од толку многу убаво моменти, Костакурта го издвојува:
„Егзодусот на 90.000 навивачи на Милан и Барселона во финалето на Купот на Европски шампиони во 1989-та. Мислам дека тоа е сеќавање кое ги обединува сите членови на клубот. Да не зборуваме за натпреварот кој беше вистинска фудбалска зрелост, а тоа се оние 1:1 во Мадрид против Реал на првиот полуфинален меч од КЕШ, сезона 1988/1999. Сите бевме дебитантни на меѓународна сцена на толку високот ниво со исклучок на Ван Бастен кој веќе имаше освоено со Ајакс. Ја контролиравме играта во еден прекрасен натпревар и потоа во соблекувална се гледавме во очи свесни дека ги применивме во пракса сите оние лекции кои ни ги одржа Саки изминатите месеци. Не случајно таа ноќ излеговме од терен со поголема самодоверба и на реваншот ги демолиравме 5:0“.
Анегдоти од средбите на играчите со Берлускони.
„Претседателот често доаѓаше во нашата тренинг база, особено кога работите не одеа добро. Тогаш се трудеше да го оживее тимот и кажуваше разни шеги. Но тоа не беше најважниот аспект. Неговата способност кон нас играчите беше друга, тој секогаш ја гледаше чашата полна до половина. На пример на нас дефанзивците ни даваше пофалби за тоа колку пати сме ги оставиле во офсајд противниците и не ни ги броеше грешките. Мислеше на сите компоненти во клубот. Не можеше да им каже на Малдини, Барези или Филипо Гали како да се движат на терен. Тогаш користеше бројки и податоци за секого посебно за да ни ја зголеми довербата. Тоа беше важно за тимот составен главно од млади играчи. Тој пристап го придружуваше растот на тимот на Саки“.
Како Берлускони сметал дека треба да игра Милан.
„Според него ние требаше секогаш да ја имаме контролата на топката во последните минути од мечот. Времето секогаш варираше, можеа да бидат седум, осум или десет минути, но концептот беше ист 25 години, не требаше да им дадеме да ја допрат топката противниците на крај од мечот. Се разбира дека тоа секогаш е невозможно. Можеби апелот беше поинтензивен во времето на Капело кога секогаш победувавме по 1:0“.
Моментот кога Милан ги даваше првите знаци на предавање.
„Со продажбата на Тијаго Силва и Ибрахимовиќ во ПСЖ во 2012-та. До тој момент клубот успеваше да ги маскира тешкотиите“.