Offside

Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.

Годините се само бројка, египетскиот голман најдбро знае

Есам Ел-Хадари на африканскиот Куп на Нации бранеше на 5 меча: оствари 4 победи, 4 пати не прими гол, фати два пенала и го однесе Египет во финалето. А има 44 години.

Топ 10 голови на Френк Лампард

Грев е човек да треба да избере само еден гол од 302-та на легендата на Челси или од овие 10. Гледајте и уживајте, компилацијава е извонредна, за секој погодок има опис. Страшни се бомбите против Ипсвич и Хрватска, а тие против Хал, Барселона и Баерн се уметност.

Зошто во Италија луѓето веќе не одат на стадион како порано

Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?

Колку треба да си несмасен за да примиш ваков гол

Фудбалерите на Партизан се посрамотија на првиот меч од припремите на Кипар, каде загубија 2:1 од германски четвртолигаш. Дефинитивно најголемата вина оди кај голманот Филип Кљаиќ бидејќи рацете му се кашкавал.

Кореографија на денот

Ова малку не потсеќа на Градски стадион во старото руво, кога играчите летно време бегаа во делот каде сенка држеше јужната трибина.

Колку се офајдија клубовите од играчите кои им беа на ЕП 2016

Фудбалот до толку е станат бизнис што нема потег кој е неплатен, па така од секое Европско првенство клубовите тријат раце од своите играчи кои се репрезентативци.

Школски седмерец на ракометен Ол-Стар

На ракометниот Хенд-Стар меч се појавија и некои ветерани, а средбата ја одбележи некогашниот трофеен француски репрезентативец Грегори Анквантил со филигрантски потег.

Да му кажеме и ние благодарам на маестрото од среден ред со 302 гола

2017 година на фудбалски план ќе биде посиромашна, особено во среден ред каде нема повеќе да ги гледаме Чаби Алонсо и Стивен Џерард. Уште едно легендарно играчиште кажа доста е. Тоа Френк Лампард, човекот со бројки како врвен напаѓач.

Роден во Србија, направен во Челси

За 9 годишниот стаж во кој собра 9 трофеи меѓу кои 2 титули во Премиер лигата и една во ЛШ, Челси му кажа едно големо благодарам на Бане Ивановиќ кој си заминува ептен задоволен со 377 настапи и 33 гола. Потпиша за Зенит.

Серхио Рамос даде дрес за пола кило свинско

Навивач на Реал Мадрид на неделниот дуел против Сосиедад решил да дојде со бело платно на кое пишувало „Серхио, ако ми го дадеш дресот, ќе ти дадам пола кило месо“. На крајот и волкот сит и овците на број.

Фреди Аду - Од нов Пеле до продавач на правосмукалки

Компанијата Најк го прогласи за најголемиот фудбалски талент во историјата на САД и на 14 години му даде милион долари за спонзорство. Го споредуваа со Пеле, играше во Монако и Бенфика, а кариерата му се тумбаше по селата во Турција и Србија.

5.000 долари трошок и 235 дена со точак за Ливерпул

Ви го претставуваме најупорниот и најхрабриот Кореец на долги стази кој имал вишок слободно време, пари, ептен издржлив велосипед и доста авантуристичка жичка во мозокот.

Ќе испаднеме од втора лига, ама фашист нема да игра за нас

Синоќа истече рокот за трансфери на фудбалери во поголем дел на Европа. Шпанскиот Рајо Ваљекано договорил позајмица со Украинцеот Роман Зузулија, но поради неговите десничарски ставови, навивачите на клубот не го сакале во екипата.

Овој ги типува на среќа или ги сонува?

Не знаеме дали кај нас имаше синоќа ваков махер, до сега не добивме некој ваков тикет, ама кај Србите се најде еден. Арсенал се бори за титула и губи дома од Ватфорд, а тој ја фаќа двојка. Ленс од втора лига Франција губи во Куп од четвртолигаш, ја фаќа и таа. Третата му јаде во 87-ма со нерегуларен гол на Барнли. Добивката му е околу 1.200 евра со три меча. Да фатиш на спортска треба среќа или знаење? М?

Четиринаесетмината на Барселона и Звезда

Дали знаете во кои клубови има најмногу фудбалери кои се радувале на трофеј и како играчи и како тренери во истата екипа? Тоа се Барселона и Црвена Звезда кои се рекордери со по 14 имиња.

Брат му на Пандев - една од трансфер утките на Динамо Загреб

Го најавуваа како наследник на неговиот славен брат, но Сашко не го демонстрираше потенцијалот кој го донесе во хрватскиот шампион, клуб кој е отскочна даска за многу млади таленти. Патот го врати назад во родната Струмица каде сега е капитен.

Денот кога Ел Нињо ја заврши голгетерската кариера

Ако треба да се анализира кариерата на третиот најдобар стрелец на Шпанија, тогаш треба да се направи пресек на 31 јануари 2011-та. Фернандо Торес пред и потоа. Претходно даваше голови, а потоа освојуваше трофеи, ама не многу.

Каде сè влегоа Кинезите во спортот

Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.

Никола од Битола ќе носи долни тренерки, а Васе од Радовиш ќе пие пиво

Заврши јануарската битка на Типстер. Имаме три нови имиња кои ќе добијат подароци за сработеното.

Најсмешна кошаркарска глума во историјата

На мечот од NCAA лигата меѓу Орегон и Јута (73:67), крилото на Дакс, Дилион Брукс демонстрираше актерско мастерство, а судиите со цел памет му дадоа фаул. На страна од глумењево лудило, Брукс беше најефикасен играч на Орегон со 19 поени.

И после само во Италија не чинеле судиите

Барселона во неделата одигра 1:1 против Бетис на гости, а судијата не виде чист гол откако топката пола метро беше внатре. Синоќа во Премиер лигата очите беа вперени во дербито Ливерпул - Челси и ретко кој зборуваше за тоа на каков начин загуби актуелниот првак.

„Венгер, кој ти кур бизнис?“

Еден од илјадниците бесни навивачи на Арсенал синоќа во текот на мечот против Ватфорд кој „Топџиите“ го загубија 1:2 во живо од стадионот му прати порака на Арсен Венгер и стана хит на интернет.

На Енфилд Роуд настрадаа чавки

На волку важен меч кој може да биде еден од клучните за титулата, необјасниво е како може играч како Фирмино кој игра во одлична форма, да гаѓа во небо, од ситуација која беше како измислена за гол.

Како се местат пријателски натпревари на подготовките

Смешни пенали, повторување на изведувањето на промашените пенали, продолжување на времето од 7 до 10 минути и уште многу спорни коефиценти во кладилниците и големи милионски суми на пријателски натпревари.