НЕТО VS СТРАКОША
Те купуваат од Фиорентина и те ставаат да бидеш замена за Буфон, голманот за кој нема замена и за кој се зборува дека му е најсериозен кандидат на Роналдо за освојувањето на Златната топка. Ништо друго не ти преостанува, освен да го искористиш Купот каде ти даваат да играч и да победиш.
Те ставаат на клупа како дете и учествуваш во две финалиња во Купот на Италија како трет голман. Наеднаш Маркети оди во втор план и стануваш млад првотимец со можност за пехар.
МАРКИЗИО VS ПАРОЛО
Заедно во репрезентацијата на Италија сочинуваат доста добар пар во среден ред, но поради повреди и измени во формацијата ретко се поклопуваат да играат заедно. Исто можеше да биде и вечерва, но Марко Пароло ќе стисне заби за да игра, а суспензијата на Пјаниќ и повредата на Кедира наложуваат првотимскиот статус за Маркизио. Ќе ги гледаме во среден ред, но со различни дресови.
ДИБАЛА VS КЕИТА
Паоло Дибала е веќе ѕвезда на Јуве која со оглед на тоа што го продолжи договорот до 2022-та, веројатно ќе блеска уште најмалку 5 години. Го сакаа најголемите екипи, како на пример Барселона, но тешко таа работа. Таков статус во Лацио на таа позиција има Кеита, за кого многу се мали шансите да остане во Лацио. По него се грабаат Милан и Наполи, па дури и Мурињо, а не е исклучен и Јувентус.
МАНЏУКИЌ VS МИЛИНКОВИЌ
Хрватот е класична 9-ка, но во Јувентус му дадоа друга задача, која и покрај конституцијата одлично ја извршува, нешто како лево крило. Вечерва веројатно ќе гледаме многу воздушни дуели со неговиот сосед, Србинот Сергеј Милинковиќ Савиќ кој со своите 191 см е најповикан да се бори во физичките дуели. Манџукиќ има постигнато 9 голови сезонава, а Милинковиќ 7.
ИГУАИН VS ИМОБИЛЕ
Гонзало Игуаин дава голови против кој стигне, а кога ќе му дојде Лацио станува немилосрден. 13 гола на 11 средби во Куп и првенство. За Чиро Имобиле ова е најдобрата сезона со 25 рекордни гола на двете натпреварувања. Ако вечерва има многу голови, тоа значи дека меѓу стрелците ќе ги има нив двајца.
Инаку за амбасадор на финалето е назначен Марчело Салас кој играше во Лацио (1998-2001) и Јувентус (2001-2004).
Инаку ова ќе биде трето нивно меѓусебно финале. Во 2004-та го освои Лацио, а во 2015-та Јуве.
Во 2004 се играше двомеч: Лацио - Јувентус 2:0 и Јувентус - Лацио 2:2.
2015: Јувентус - Лацио 2:1 (во продолженија)