Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Оделе во исто школо во Унтерахинг, а сега се главни ѕвезди на Јувентус и Дортумнд

Фудбалот некогаш пишува романи. Како онаа приказна која што ја раскажаа стрелците на голови и едни од главните ѕвезди на гигантите Борусија Дортмунд и Јувентус, младите Карим Адејеми и Кенан Јилдиз.

Кантона за Израел, УЕФА и ФИФА

Прославениот француски ас Ерик Кантона кој блескаше во дресот на Манчестер Јунајтед и на времето беше идол на многу млади, сега го кажува тоа што обичниот народ го мисли а не допира до политичарите.

Пандев го анализира Интер на Скај Спорт со Капело и Бобан

Гоче не го забораваат во Италија. Беше гостин во студио по повод мечот од ЛШ меѓу Ајакс и Интер и му поставуваше прашања на својот поранешен соиграч, Кристијан Киву.

Нова бомба на Грималдо од слободен

Само шест дена откако експлодираше на мечот против Ајнтрахт Франкфурт со две голчишта од слободен удар, Алекс Грималдо и продолжи во ист стил и во ЛШ. Даде моќен и неодбранлив гол на гостувањето во Копенхаген.

Голчиште на Рашфорд на Сент Џејмс Парк

Маркус Рашфорд растури на гостувањето против Њукалс со два комада за победа на Барселона од 1:2. Тој е прв Англичанец во дресот на каталонците кој стрелал против англиски тим.

Елмас поразен на Етихад, Наполи 70 минути со играч помалку

Манчестер Сити, Барселона, Спортинг и Ајнтрахт не дозволија потреси во третиот ден од првото коло во ЛШ. Работите за Наполитанците се искомплицираа на тешкото гостување. Ди Лоренцо во 21 минута доби црвен, а Конте од игра го повлече Де Брујн кој малку поигра против своите. Елиф Елмас влезе во 71-ва минута.

Баер Леверкузен спаси бод, Клуб Бриж го растури Монако

Во третата вечер од Лига на шампиони белгискиот претставник Клуб Бриж до врв ја наполни мрежата на гостите од Франција и ги испрати дома со четири комада. Баер Леверкузен едвај спаси бод во главниот град на Данска.

Џандариве се од полициска или фудбалска академија?

Холандски полицајци застануваат на партија фудбал и ја прават акцијата за која долго ќе се раскажува во маало.

Ван Дајк открива како се брани во игра еден на еден

Стоперот на Ливерпул има свој интересен начин на справување со противниците кога ќе му се падне да игра на еден. Ги гледа во очи, со цел да им ја прочита намерата. Објаснувањето е покрепено со пример од мечот против Барнли.

Даде два гола против Ливерпул, го смрзна Енфилд Роуд и зборува за кемтрејлс на небото

Триесет годишниот шпански репрезентативец, роден во Мадрид, Маркос Љоренте за малку ќе беше јунак на голем бод на Атлетико Мадрид против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ даде два гола и тоа беше повод шпанските новинари да прочепкаат нешто повеќе за него. Пред пар дена повторно зборувал за теории на заговор во кои верува.

Кавалери на морето - убава си Сампдорија

Официјално и неофицијално, Сампдорија отсекогаш ги имала најубавите дресови на свет. Тоа ќе ви го потврди секој искрен љубител на фудбалот. Сега марката Макрон им извади трет дрес за новава сезона. А дизајнерите и видео едиторите направиле преубава приказна.

Некогаш вреди да си ја пробаш среќата

Светската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе го реши мечот на Реал Мадрид против Марсеј и со два гола од пенал му донесе три бода на „кралскиот клуб“. Пред натпреварот едно дете си ја проба среќата.

Иновативниот Луис Енрике: Реши да ја води екипата од трибини, како рагби тренер

Трофејниот шпански тренер кој беше и селектор на Шпанија, Луис Енрике важи за иновативен тренер а последната негова замисла која ја преточи во дело би можела да биде револуционерна во фудбалот.

Никола Кустурица стана најмлад дебитант во историјата на Барселона

Младиот српски кошаркар Никола Кустурица влезе во вечните книги на Барселона откако синоќа со 16 години, четири месеци и 17 дена заигра за првиот тим на Барса во триумфот против Андора 90:81 во пријателски натпревар. Кустурица кој летово ја водеше својата кадетска репрезентација до европското злато, ја доби и МВП наградата за најдобар играч на Европското првенство. Се очекува да биде дел од екипата на Барселона сезонава и во Евролига.

Чоло Симеоне се влечеше со редари и навивачи на Ливерпул на Енфилд

Ливерпул по петти пат сезонава дава гол во последните моменти од натпреварот за победа. Така синоќа против Атлетико Мадрид гостите имаа 2-2 до 90+2' минута од судиско продолжение кога Вирџил Ван Дајк по којзнае кој пат го вади Ливерпул. Диего Симеоне со право збесна на крајот затоа што навивачи му покажуваа среден прст, го навредувале и пцуеле. Тргна да се тепа па доби црвен картон.

Во ЛШ не се промашуваат вакви шанси

Вирџил Ван Дајк го извади Ливерпул во 92-ра, со гол вреден победа против Атлетико Мадрид од 3:2. Но без разлика на водството, мечот не е затворен, а Хуго Екитике промаши чиста прилика за да го затвори.

Уго Лорис во кариера немал ваков пенал, Сон даде хет-трик

Триесет и осум годишниот легендарен француски голман Лорис кој во кариерата освои Светско првенств, Лига на нации, играше финале на Лига на шампиони и забележа преку 145 настапи за Франција, сега брани за Лос Анџелес. Таму игра и Сон од Тотенхем. Синоќа славеа 1-3 против Солт Лејк, Кореецот дал три гола за хет-трик а Лорис го одбранил најчудниот пенал во кариера.

Алкараз во Алкатраз

Карлос Алкараз имаше интересна прошетка пред Лејвер Купот кој годинава се одржува во Сан Франциско во периодот 19-21 септември. Го посети прочуениот затвор Алкатраз за кој се снимаа и филмови.

Судија, зар смее вака во Лига на шампиони?

Славија Прага и Бодо Глимт одиграа преубав натпревар и дебитантот во Лига на шампиони од Норвешка го освои првиот историски бод во најелитно друштво. Домаќините од Прага водеа со 2-0 со головите на Ел Хаџи Ембоџи во 23-та и 74-та минута. Гостите намалија прво во 78-ма минута па во 90-та постигнаа гол преку Сондре Брунштад Фет. На акцијата и претходеше чуден потег зошто судијата допушти еден играч на Бодо Глимт кој беше надвор за лекарски преглед, среде контра да влета на терен.

Цел тим на Монако по гаќи, им се расипа климата во авион

Уште вакви сцени немавме видено и тоа пред натпревар во Лига на шампиони. Фудбалерите на Монако вчера не успеаа да отпатуваа во Белгија на гостувањето во Бриж. Причините се апсурдни. Се појавија проблеми со климата во авионот, играчите се скуваа и се соблекуваа голи. Ќе летаат на ден на натпреварот, закажан за четврток од 18:45. Официјалната прес конференција е откажана. Бурлески.

Филмот за неповторливата кошаркарска банда на Југославија наскоро во Скопје

На 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025, на 28 септември во МОБ ќе се прикажува документарецот „Изгубениот дрим тим“. Учествуваат Душан Ивковиќ, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Тони Кукоч, Јуриј Здовц, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Зоран Савиќ, Жарко Паспаљ и други членови на таа златна генерација, кои на ЕП 1991 се бореа за златен медал, додека земјата им се распаѓа со војна.

Најгрдиот голмански старт во мак фудбалот

Тиквеш го совлада Шкупи со 1:0 во 6. коло од македонската прва лига. Голманот на Шкупи Гроте доби црвен картон, што е малку за овој малоумен потег.

Ван Дајк го суреди Атлетико во 92-ра минута

Ливерпул и Атлетико Мадрид го одиграа највозбудливиот и најнеизвесен натпревар во втората ноќ од првото коло во ЛШ. Робертсон и Салах го торпедираа тимот на Симеоне уште во 4` и 6` минута, но Љоренте им одговори со два комада. Мечот го реши Ван Дајк во судиско. ПСЖ, Баерн и Интер ги оправдаа фаворитските улоги.

Како помина дебито на Онана во Турција?

Само што си замина од Манчестер Јунајтед, каде беше мета на критики и мајтапи, одма му измонтираа клип од првиот настап за Трабзонспор против Фенербахче. Клипов покажува дека добро поминал. Ќе видиме за понатаму.