Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Од кај извади Мбапе ваков англиски?

Килијан е кален во француски фудбалски школи, кариерата ја почна во Монако, ја продолжи во ПСЖ, а од лани е во Реал Мадрид. Некој да не го знае, ќе помисли дека цел живот играл во Премиер лига.

Анри има збор-два за Виктор Ѓекереш

Дваесет и седум годишниот шведски центарфор со унгарско потекло кој летово дојде од Спортинг во Арсенал за 65,80 милиони евра, уште не ја нашол правата форма. Како расен стрелец кој изминатите пар сезони го воодушеви светот со неверојатните бројки на голови, сезонава полека се навикнува на стилот на игра на „топџиите“. Не влегува во шанси како што тоа беше во Спортинг.

Екс голман на Динамо и Шахтјор фатен на граница во обид да избега од Украина

Украинскиот голман се обидел нелегално да премине граница со уште тројца мажи и едно 4 годишно дете. Услугата се нудела на Телеграм за цена од 8.000 долари по човек.

Атмосферата на Сан Мамеш во Билбао е уникатна

Пред и за време на натпреварот Атлетик Билбао - Арсенал (0-2) од 1. коло во новата сезона на Лига на шампиони покажа колку Баскијците ја сакаат нивната најголема гордост - Атлетик.

Страшниот гол на Кенан Јилдиз од Јувентус

Младиот турски бисер, 10-та на Јувентус и сезонава како лани постигнува бравурозни голови од голема далечина. Малиот има нешто делпијеровско во него а тоа го покажа и синоќа во 64' минута од дуелот со Борусија Дортмунд.

Ова е автогол на голман, а не она со Елмас

Најголемиот кикс во првото коло од Лига на шампиони оди на душа на Луиз Жуниор. 24 годишниот голман на Виљареал направи необјаснива глупост уште во 4 минута и му подари 3 бода на Тотенхем, кој победи токму со овој автогол.

Нов гол на најголемиот, игра и ужива

Еден даде Жорди Алба во 12-та минута, еден Лео Меси во 41' минута и третиот Иан Фрај за победа 3-1 на Интер Мајами над Сиетл Саундерс во МЛС Лигата. Интер Мајами има 49 бода и е на 5. место но има и дури три натпревари помалку од лидерот Филаделфија

Најубави 4 гола на месецот во Топ4 лиги во Европа

Доминик Собозлаи од Ливерпул во Премиер лига, Педри за Барселона во Ла Лига, Луис Дијаз за Баерн Минхен во Бундеслига и Федерико Бонацоли од Кремонезе против Милан во Серија А.

Ковач и Тудор еднаш одиграа 4:4, а беа и стрелци

Синоќешниот резултат во Торино 4:4 не е непознат за двајцата хрватски стратези. Историјата ја повторија после 25 години и тоа повторно во германско - италијанска пресметка во ЛШ.

Играа пендреци пред Бернабеу

Мечот меѓу Реал Мадрид и Олимпик Марсеј имаше лоша увертира. Пред стадион било тензично и опасно по живот. Шпанската полиција во клинч со француските навивачи.

Го имаме ли веќе промашувањето на сезонава во ЛШ?

Унион Сен Жилоа дебитираше во Лига на шампиони со изненадувачки 1:3 на гостувањето против ПСВ. Домаќините во 55 минута имаа чиста прилика за гол која не се промашува, но Исмаел Саибари ептен ја оплеска.

Маестралните две минути во судиско во режија на Влаховиќ

Јувентус им приреди натпревар со драматичен финиш на своите навивачи, а најголемите заслуги што останаа непоразени одат кај џокерот Душан Влаховиќ. Србинот влезе во 59 минута и само 8 минути подоцна го израмни резултатот. Обрнете внимание потоа што одигра во судиско. Во 94-та даде уште еден гол, а во 96-та го намести, откако претходно одигра фантастично на своја половина и повлече контра. 4 меча - 4 гола за Влаховиќ во ЛШ и Серија А и тоа само еднаш како стартер.

Некој ќе треба да објасни некои работи

Економот во Борусија Дортмунд направил забуна. Имено во германската Бундеслига се игра со дресови на кои над бројот на играчот стои името на клубот, а под бројот стои презимето на играчот. Овојпат во Лига на шампиони на спектакуларниот дуел Јувентус - Борусија Дортмунд шпицот на гостите Серху Гираси играше со необичен дрес. 

Тотално луда вечер во Лига на шампиони: Јувентус и Борусија дадоа 8 гола во второ полувреме

Човек да не знае од каде да почне кога е во прашање отворањето на новата сезона во Лига на шампиони. Вечер каква што не се памети. Во Торино после досаден прв дел и 0-0 никому на памет не му падна што ќе следува. 8 гола од кои некои спектакуларни, два во судиско продолжение за конечни Јувентус - Борусија Дортмунд 4-4!

Арсенал го покори Билбао на отворање на Лига на шампиони

Со головите на џокерите од клупа Габриел Мартинели кој само што влезе во игра постигна погодок и Леандро Тросар, Арсенал со 0-2 го победи Атлетик Билбао и ги освои првите три бода во новата сезона на Лига на шампиони. ПСВ дома во Ајндховен ги разочара навивачите со убедлив пораз од белгиски Ројал. Во следното коло Арсенал гостува кај Олимијакос, а Атлетик Билбао кај Борусија Дортмунд.

Надреално глупавиот слободен удар

Да не знаеш што да им кажеш после ваква глупост.

Штафета на денот

Јапонските атлетичари Јошихиде Кирју и Јуки Коике на една од трките штафета многу тешко но и вешто се справија со една зезната ситуација. И двајцата учествуваат на актуелното Светско првенство во атлетика 2025 кое се одржува во Токио во нивната земја. Допрва ги чекаат настапи.

Дадоа гол без да допрат топка

Во Бразил знаат многу добро да играат фудбал, ама понекогаш и не знаат баш да играат фудбал. Барем не оние во одбрана. Сте виделе ли до сега вака да почне натпревар?

И Антетокумбо играше сиртаки

Кошаркарската репрезентација на Грција освои медал после 16 години. Се закити со бронза на штотуку завршеното Европско првенство 2025 откако во дуелот за трето место ја совлада Финска. Јанис Антетокумбо на тој натпревар постигна 30 поени  со 17 скока и 6 асистенции, а медалот го прославиле при враќање во Грција во ноќниот клуб „Посеидон“.

Најјаката резервна клупа некогаш видена

Во неделата во Сеул, во Јужна Кореја се одиграл натпревар меѓу ФК Спиар предводен дента од Арсен Венгер против Шилд Јунајтед кој го водел Рафа Бенитез. На овој натпревар од хуманитарен карактер се појавиле пазете ова:

Збогум Рики Хатон, шампион на народот

Хитмен ја комбинираше свирепоста во рингот со ретка топлина за своите обожаватели надвор од него. За британскиот бокс беше она што се Оејзис за британската музика. Почивај во мир.

Слепец, ја помеша топката со главата а?

Не е секој надарен за фудбал ок? Во случајов не помага ниту црвен картон.

Го видовте ли додавањето со газ на Шенгун?

Турција има зошто да жали во финалето на Евробаскетот, особено Алперен Шенгун кој во последната минута промаши зицер под кош, а потоа избрзано шутна за три поени од далеку. Денис Шрудер го докусури со клипов.

Џејми Варди дебитираше за Кремонезе, трети се во Серија А

Предводен од симпатичниот Давиде Никола кој важи за најголем спасител на малите екипи од испаѓање во втора лига, Кремонезе на маестрален начин ја почна сезоната во Серија А. Го совладаа Милан на гости 1-2 на отворање со фантастичен еврогол на Бонацоли. Имаат 2 победи и 1 нерешена и со 7 бода се трети на табела зад лидерите Наполи и Јувентус.