Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Бекам не сакаше да седне на местото на Тиери Анри

Легендарниот Бекс беше гостин во студиото на НБС пред почетокот на новата сезона во Лига на шампиони. Таму покрај Мика Ричардс и Џејми Карахер фалеше Тиери Анри кој бил отсутен. Водителката Кејт Абдо го праша Бекам зошто не сакал да седне на столчето на Французинот на почеток?

Мората тера по старо, промаши зицер пред празен гол

Во 30' минута од дуелот Комо - Џенова, при резултат 1-0 за домаќинот, шпицот Алваро Мората кој летово го засили италијанскиот прволигаш, пропушти чиста шанса за да го зголеми водството. А не му е првпат. Во кариерата имаше неброено многу вакви промашени зицери.

Фиго е мајстор и на 52 години

Лисабон беше домаќин на хуманитарен меч на кој се собраа легенди на Португалија од типот на Фиго, Нани, Пепе, Деко... против легенди од светот како Занети, Кака, Тери, Савиола...Португалците победија 4:1, а шоуто го украде Луис Фиго. Уште го има она неговото во дуел еден на еден.

Ножички на годината со душмански удар

Мислевме дека сме ги виделе и објавиле сите видови на ножички, ама вакви со толку силен удар не сме виделе. Егзекуторот се вика Феликс Мајре, кој игра за норвешкиот клуб Бран. Замислете во глава да го удреше голманот?

Ново голчиште на Аргентинецот Нико Паз

Комо лани купи златно дете од Реал Мадрид, а тоа е 21 годишниот Нико Паз, кој најавува блескава кариера. Играчот од среден ред, кој е роден во Шпанија, а настапува за Аргентина постигна втор гол сезонава во Серија А, кој повторно привлекува внимание. Минатиот пат имаше голчиште против Лацио, а овој пат против Џенова.

Дуплантис е уникатна спортска појава, 14-ти пат го руши светскиот рекорд

Почна во 2020-та со 6,17 и сантиметар по сантиметар не застана со прогрес во височините. Само во последните 12 месеци по четврти пат успева да си го урне личниот рекорд.

Лудо голчиште на Аџиќ од скоро 50 метри

19 годишниот Василије Аџиќ ги фрли во транс навивачите на Јувентус со еврогол во 91-ва минута за триумф над Интер од 4:3. Па уште и деби гол. Погледнете го каков слободен удар има изведено во дресот на Црна Гора У-19.

Касиљас во пензија со две чудесни одбрани на Кака и Сидорф

Славна фудбалска банда се собра во Сеул, Јужна Кореја на егзибициски натпревар. Меѓу легендите се истакна Икер Касиљас, кој и пет години по повлекувањето, се чини како уште да е активен голман. Погледнете ги овие две атракции и тоа на мајсторски удари на Кака и Сидорф. И Венгер се чудеше.

ПСЖ ги почитува своите легенди

За разлика од многу други клубови и особено репрезентации кои „мува не ги лази“ за нивните легенди, европскиот шампион ПСЖ мисли на нив.

Си ја гледал Барса - Валенсија од балкон?

Додека „Камп Ноу“ уште се реновира и ќе се реновира најмалку до зимава, Барселона реши наместо на Олимпискиот стадион „Монжуик“ каде играше цела мината сезона, овојпат да игра домашен натпревар на стадиончето „Жорди Кројф“ каде игра втората екипа и младинците.

Кој е Алан Ибрахимагиќ, селекторот кој од сенка ја направи Германија европски шампион

Светскиот шампион Германија синоќа ја обедини и европската титула откако во големото финале ја совлада Турција во крајно драматична завршница. Интересно Германците од клупата не ги водеше Шпанецот Алекс Мумбру кој поради операција го следеше турнирот зад клупата, туку неговиот прв помошник Алан Ибрахимагиќ кој е роден во Белград.

Детството на Џеди Осман и неговите први тренери во Охрид

Македонија не настапи на Европското во кошарка, ама во финале играше довчерашна НБА ѕвезда, која зборува македонски и која на Ол стар носеше патики со знамето на Македонија.

Неверојатен фото-финиш на маратонска трка на Светско првенство

Светското првенство во атлетика кое се одржува во Токио, Јапонија кулминира деновиве со најатрактивните трки. По финалето на 100 метри каде Јамајка го врати златото после цели 15 години, супер интересно беше и на величествениот маратон. Таму на 42 километри и 150 метри долгата патека триумфираше Алфонс Феликс Симбу кој буквално во последните 20 секунди од трката влезе како втор зад Аманал Петрос од Германија. Африканецот Феликс Симбу во луда завршница го претрка ривалот за само 0,03 секунди!

Кошаркарскиот спектакл во Белград на отворено

Кошаркарите на Партизан во една од генералките пред почетокот на новата сезона го пречекаа солунски ПАОК во натпревар кој се одигра сега веќе традиционално под отворено небо, на белградски Ташмајдан. Партизан ги претставил новите кошаркари и новите дресови за новата сезона а навивачите приредиле неверојатен спектакл. Плус концерт имала и познатата група ЈНА.

Капа долу Џеди Осман

Алперен Шенгун е најголем генерациски талент на светот и во моментов кошаркар број 1 според форма. Универзалецот на Турција и Хјустон Рокетс одигра феноменално Европско првенство но еден турски играч од сенка покажа дека е права кичма на екипата. Охриѓанецот Џеди Осман.

Кандидати за гол на месецот во Премиер лига

БиБиСи во својата емисија Натпревар на денот (Match of the day) еднаш месечно ги бира најубавите погодоци на месецот во Премиер лига. Овојпат Доминик Собозлаи од Ливерпул е добитник на вредното признание кое ќе го памети.

Внимавајте на Ливерпул во последните 10 минути

Интересна статистика поткрепена со видео објави админот задолжен за социјалните мрежи на Премиер лигата. Ливерпул да ти бида прва екипа со четири победи по ред, остварени во последните 10 минути во првите четири кола сезонава.

Ѓоковиќ не може ни до тоалет да отиде без помпа

Српскиот тенисер во Атина го следеше мечот меѓу Грција и Бразил од Дејвис Купот во ОАКА Арената, заедно со син му Стефан. Новак во еден момент тргнал до тоалет со син му а таму се појавиле бројни навивачи кои сакале да се сликаат со него.

Како изгледаше финалето на трката на 100 метри на Светско?

По пауза од 10 години, златниот медал на Светското првенство во атлетика во трката 100 метри се враќа во Јамајка.

Бугарска будалаштина на стопер од 60 метри

На фудбалерите на ЦСКА Софија позицијата од пола терен им е коњак за давање голови во последно време. Пред две недели проектил упати извесен Ето, а викендов на мечот против Септември од уште подалеку се отвори Делова и тоа онака лабаво, бековски.

Анхел Ди Марија Шаќири

Директните мајсторски голови од корнер, цел живот ќе не потсеќаат на наш Артим Шаќири. Без старца, нема ударца, вели Анхел Ди Марија на 37 години во дресот на Розарио. Големото лично задоволство му успеа против Бока Јуниорс. Од три агли го имате.

Деби гол на Модриќ за Милан, вреден 3 бода

Само пет дена откако славеше роденден, Лука Модриќ си го направи ќеифот и го постигна првиот гол за Милан за победа над Болоња од 1:0. Стана најстар стрелец меѓу играчите од среден ред во историјата на Серија А и петти играч со минимум 40 години.

Германија е нов европски шампион!

Светскиот шампион Германија ја обедини и европската титула откако вечерва во феноменално финале со драматична завршница ја совлада одличната Турција 88:83!

Комична сцена од англиски фудбал - гледачи паѓаат од смеење

Милвол му гостуваше на Чарлтон во малото градско дерби на Лондон. Милволци губеле 1-0 од 40' минута па имале до крајот на мечот играч повеќе. Израмниле во 88' минута. Еден нивен навивач кој седел на друга страна од гостинскиот сектор, трчал кон навивачите на Милвол, кон неговите да прослави. Тие мислеле дека ги напаѓа некој од Чарлтон па го забувтале додека редарите не го извадиле жив и здрав.