„Почитувани навивачи на Партизан,
Пред четири ипол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан повторно после 10 години да стане дел од Евролига, успеавме сите заедно во тоа. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа.
За жал дојде моментот кога морав да преземам одговорност за сите лоши нешта кои се случија сезонава и да поднезам неотповиклива оставка.
Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои го помогнаа нашиот клуб сиве овие години, на претседателот на клубот, на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори.
Многу сум им благодарен и на сите играчи кои беа со нас во овие четири ипол години, на членовите на мојот стручен штаб (многу пати истакнував, најдобар кој некогаш сум го имал) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан!
Ви благодарам на безрезервната поддршка, почитување и љубовта која ми ја дававте сите овие години во секоја прилика!
Секогаш еден од вас, вечно благодарен!
Жељко Обрадовиќ“.
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер кој има 9 шампионски титули во елитната Евролига, во летото 2021-ва се врати на местото главен тренер на КК Партизан, тимот каде ја започна тренерската кариера и на само 32 години му донесе европска титула!
Таа шампионска круна до денес е единствен пехар во Евролигата за Партизан. Обрадовиќ подоцна освои уште неверојатни осум шампионски трофеи во Евролига со Хувентуд, Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.
Вториот мандат на клупата на црно-белите го завршува со две титули во АБА лига (2023. и 2025. година). Најуспешен период за Партизан во Евролига беше сезоната 2022/2023 кога стигнаа до четвртфинале на Евролига, кога имаа 2-0 против Реал Мадрид и пропуштија три меч топки за пласман на големиот фајнал фор.