Пеп откри зошто изгубиле дома од Леверкузен

Баер Леверкузен направи големо изненадување откако го совлада Манчестер Сити кој до синоќа победил дури 12 натпревари по ред против германски противници. Со головите на Алехандро Грималдо во 23-та минута и Патрик Шик во 54-та, Леверкузен славеше 0-2. Пеп Гвардиола откри зошто изгубиле

Гвардиола реши за овој натпревар на клупа за резерви да ги одмора Ерлинг Халанд, Донарума, Фил Фоден, Бернардо Силва, сите првотимци. Од дуелот против Њукасл минатиот викенд сега во први 11 беше само еден - Нико Гонзалес. Почнаа резервисти како Оскар Боб, Савио и Натан Аке....

На новинарско прашање од ТНТ Спортс дали ротацијата го чинела пораз тимот, Пеп рекол:

„Го сфаќам твоето прашање. Апсолутно, морам да признаам дека згрешивме. Направив премногу измени во екипата (10 од последниот дуел со Њукасл). Реков дека секој треба да игра кога играш на секои 2-3 дена но кога се гледа резултатот можеби беше премногу. Кога мислиш како да избегнеш да не направиш грешка не си слободен или опуштен. Леверкузен е навистина, навистина добар тим, честитки до нив“.

 

Баер го освои Етихад, Барселона декласирана на Стемфорд Бриџ

26 ноември 2025 - 11:47