Offside

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Гути има нешто да му каже на Ламин Јамал

Ламин Јамал е дефинитивно играчот кој ја одбележа сезонава 2024/2025. Освои Европско првенство со Шпанија лани, па со Барселона освои шампионска титула во првенство и трофеј во Куп. Играше и во финале на Лига на Нации. Дава голови и асистира како Меси и Пеле во исто време. Има 17 години, уште е малолетен и постарите му укажуваат некои работи. Како на пример Гути кој вели: „Не можеш да се појавиш на прес-конференција со капа наопачки свртена. Тоа можеш да го правиш на плажа, не и на прес“.

Режисер на колото

Во финишот од дуелот Италија - Молдавија (2:0) во рамки од квалификациите за Светско првенство 2026, режисерот на преносот кој одел на РАИ уловил одличен момент - полна Месечина. Поинтересна глетка за гледачите од она што се случувало на теренот.

Ел Кааби со ножички на летото

Триесет и едно годишниот центарфор на Олимпијакос, Мароканецот Ајуб Ел Каби синоќа постигна прекрасен гол во победата од 1-0 против Бенин во пријателска средба.

Историјата нема да го заборави најлудиот гем на Ролан Гарос

На Ролан Гарос се играле историски, епски дуели за пехарот. Во неделата таков еден одиграа Карлос Алкараз и Јаник Синер. Италијанецот имаше огромна предност од 2:0 во сетови а во еден момент и доби 3 меч топки за конечно да го реши финалето. Шпанецот се издигна од пепелот, направи страшен пресврт и на крај победи 2:3 во сетови!

Историски говор на Пеп Гвардиола за стравотиите во Газа пред цела сала

Најдобриот тренер на денешницата Пеп Гвардиола добил почесна титула на славниот Универзитет во Манчестер. При говорот од говорницата зборувал и за Газа.

Де Брујне и донесе триумф на Белгија, Македонија останува прва до септември

Белгија и Велс одиграа натпревар преполн со голови, паднаа дури 7 погодоци а на крајот славеа Белгијците 4-3 со гол на долгогодишниот капитен на Манчестер Сити Кевин Де Брујне во 88' минута од мечот. Претходно Белгија имаше огромно водство од 3-0 но Велс направи чудо и израмни на 3-3. Сега во групата во која е и Македонија, црвено-жолтите остануваат први со 8 бода, меч повеќе од Велс кој е втор со 7 бода. Белгија е трета со четири бода но има и два натпревари помалку.

Казинс ја провоцираше публиката па до полевање со пиво

Некогашната НБА ѕвеза Демаркус Казинс е исклучен и исфрлен од натпревар во првенството на Порторико по една голема расправија со навивачите која ескалираше во физички судир додека Американецот го напушташе паркетот.

Супер волеј на Александар Трајковски за цел плен од Казахстан!

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа исклучително важен триумф, на тешкото и далечно гостување во Казахстан 0:1. Со оваа победа на тешкиот терен на вештачка трева Македонија сега има 8 бода и е прва во групата пред Велс кој има 7 и утре игра со Белгија во Брисел.

Спалети доби отказ од Италија, останува уште вечерва па доаѓа нов селектор

Италија претрпе дебакл во Норвешка (3:0) во својот прв меч од квалификациите за Светско првенство 2026. Цената ја плаќа селекторот Лучано Спалети кој веќе добил отказ од претседателот на фудбалскиот сојуз на Италија Габриеле Гравина кој бил бесен и рекол дека начинот на кој е изгубен тој меч е неприфатлив.

Тоти не е нормален

Годините се само број за легендарниот капитен на Рома и италијанската репрезентација. Франческо Тоти на 48 години на пријателски меч меѓу фудбалски легенди, ветерани, постигнал гол од преку половина терен!

Последниот пенал и радоста на Португалците со солзи на Роналдо

Португалија може да се пофали дека е единствена селекција во Европа со два пехари во Лига на Нации. Откако го освоија првото издание на овој турнир на УЕФА, Португалците сега ја совладаа Шпанија во ново финале. По 2:2 во основниот дел, на пенали Кристијано и другарите победија 5:3 на пенали. Алваро Мората единствен промаши за Шпанците, а Роналдо на крајот се распалака од среќа.

Ламин Јамал не и аплаудираше на Португалија

На свеченото доделување медали и пехар од Александар Чеферин првиот човек на УЕФА, целата репрезентација на Шпанија ѝ аплаудираше на Португалија во своевиден шпалир. Само Ламин Јамал веројатно не можел да го прифати поразот, не аплаудирал и порано заминал накај соблекувална.

Роналдо со гол ја водеше Португалија до пехарот во Лига Нации

Фудбалската репрезентација на Португалија е освојувач на овогодинешната Лига на Нации откако во големото финале ја совладаа Шпанија на пенали. Во основното време резултатот беше 2:2.

Оклахома го врати ударот во НБА финалето, триумф за 1-1

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со 123:107 ја совладаа Индијана Пејсерс во вториот натпревар од големото финале на НБА.

Неверојатната драма во финалето Синер - Алкараз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз направи неверојатен подвиг откако во најдолгото финале во историјата на Ролан Гарос со 3:2 го победи Јаник Синер после огромен пресврт откако губеше 0-2 во сетови и спаси дури три меч топки!

Србија го слави Петровиќ, одбрани пенал во Тирана

Вечерва во Тирана се одигра долго очекуваниот натпревар од квалификациите за Светско првенство 2026 меѓу Албанија и Србија. Во нашето соседство беше опсадна состојба пред дуелот од највисок ризик кој на крајот заврши без голови 0-0. Во финишот од првиот дел, во судиското продолжение, Албанија доби пенал. Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ кој е најдобар голман на сезоната во француската Лига 1, го одбрани пеналот кој го изведе Реј Манај.

Чкембарско славје среде „Јане“

Вардар имаше сè во свои раце. Црвено-црните сезонава два пати го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер, еднаш во првенство среде Битола и еднаш во финалето на Купот во Охрид. Во Скопје во последното коло од сезоната на Вардарци им играше и реми за шампионска титула. Сè беше спремно за прослава. На крај Филип Кузмановски и зелено-белите ја растурија забавата, славеа 30-32 и ја освоија шампионската титула. Околу 300 навивачи на Пелистер ја прославија најслатката победа откако го бодрат својот клуб.

Прекрасни сцени пред дербито Вардар - Пелистер, дечиња во еден глас пееја со цела сала

Вечното ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кое уште долго ќе се раскажува и кое го добија гостите 30-32 за шампионска титула на теренот на најголемиот ривал, започна со убав настап на детски хор. Момчиња и девојчиња, со учителката Маја од градинката „РОСИЦА“ од општина Ѓорче Петров ја испеаја песната „Ој Вардаре македонски“ а ним им се придружија и илјадници грла од трибините.

Историски триумф на Пелистер среде Скопје, титулата оди за Битола!

Во најдраматичната сезона во историјата на македонската ракометна Суперлига, Пелистер го совлада Вардар на гостински терен среде Скопје 30-32 (17-15) и ја освои шампионската титула во последното коло!

Синер одново го преслуша Ѓоковиќ за ново финале на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со 3-0 по сетови 6:4, 7:5, 7:6 го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос и се пласираше во ново големо финале на еден Грен Слем.

Норвешка ја разби Италија 3:0 со еден еврогол

Репрезентацијата на повеќекратниот светски и европски шампион веќе одамна не е тоа што беше. Пропуштија неколку настапи на Светски првенства во серија што никогаш во историјата не им се случило, а сега ризикуваат пак да не се пласираат на еден голем Мундијал. Синоќа во Осло Норвешка со 3-0 ја разби Италија а покрај тоа доминираше во текот на целиот меч. Одегард, Сорлот, Халанд и Антонио Нуса правеа дар-мар со италијанската одбрана, а последниов постигна прекрасен гол од трк.

Мајсторија на Елмас, но ВАР му поништи гол поради офсајд

На стартот на вториот дел од мечот Македонија - Белгија, при водство на гостите 0-1, Елиф Елмас во негов стил направи дар-мар во противничката одбрана и постигна прекрасен гол со пласирана топка. Главниот судија Кавана од Англија го поништи по реакција од ВАР собата. Топката го погодила Илиевски кој бил во офсајд.

Македонија појака и од ВАР - Алиоски со спектакуларен гол за реми со Белгија

Во третиот натпревар за Македонија, а прв за Белгија во рамки од групата Ј во квалификациите за Светско првенство 2026, вечерва во Скопје околу 30.000 гледачи видоа одлична и храбра игра на македонските репрезентативци кои заслужено освоија голем бод против големиот фаворит.

Бледо деби на Анчелоти за Бразил, Аргентина го освои и Чиле

Фудбалерите на Бразил во својот прв натпревар со новиот селектор Карло Анчелоти одиграа само 0-0 против Еквадор на гости. Бразилците играат слаби квалификации и после 15 кола се на 4. место со дури 12 бода помалку од големиот ривал Аргентина која веќе е на Светско првенство.