Фудбалот во САД оди на европски календар

Клубовите од МЛС лигата во САД изгласаа епохална промена во однос на тамошниот фудбал. Од 2027-ма година најсилната фудбалска лига во САД ќе започнува на средина на јули и ќе завршува во мај (заклучно со доигрувањето за титулата).

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Фудбалот во САД ќе доживува права револуција и после децении на актуелниот календар според кој првенството почнува во февруари а завршува во ноември со тоа што титулата се решава во декември со доигрувањето, сега ќе има промена.

Фудбал во САД од 2027-ма година ќе се игра од средина на јули до април а за титула ќе се разигрува во декември.

Практично како во европскиот фудбал. Ќе има секогаш зимска пауза од втората половина на декември до првата или втора недела на февруари. Значи првенството нема да се игра, освен во некои исклучоци во неделата во која во САД се закажани Супер Бол, финалето за титула во НФЛ, најследениот и најголем спортски настан во САД.

ШТО ГИ НАТЕРАЛО НА ВАКВА ПРОМЕНА?

Има три главни мотиви зошто МЛС се решил да се прешалта на европски фудбалски календар.

„Ова е една од најважните одлуки во целата наша историја. Да се соедини нашето првенство со главните лиги ширум светот ќе ги направи покомпетитивни нашите клубови, ќе нуди поголема можност на фудбалскиот пазар и ќе гарантира поголем интерес за доигрувањето за титулата. Со ова ќе почна една нова ера“, вели Дон Гарбер комесарот на МЛС лигата.

Во 2027-ма фудбалерите во МЛС лигата ќе играат од февруари и мај таканаречен МЛС Куп кој сега е актуелен во Северна Америка.

Лео растур систем со гол и три асистенции

24 ноември 2025 - 10:38