„Му се извинувам на камерманот. Ја сум тој што сум. Дури и со 1.000 натпревари не сум совршен човек и правам грешки. Го бранев мојот тим и клуб“.

Пеп Гвардиола на натпреварот со Њукасл го имаше 1.000 јубилеен натпревар како тренер.
„Сфаќам дека стареам. Добро е. Значи дека секоја сезона сме биле тука (при врвот). Големо натпреварување, посебно е за играчите, да се пробаш себеси со најдобрите тимови во Европа е неверојатно, големо искуство е. Искуство за клубот, во смисла на репутација, престиж и финансии е навистина многу важно“, вели Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити заостанува седум бода зад лидерот Арсенал во Премиер лига, а сега го чека и дуел со Баер Леверкузен во Лига на шампиони кој ќе му биде 100-ти во елитното друштво како тренер на Сити.
„Граѓаните“ се четврти во Лига на шампиони со 3 победи и 1 нерешена. Му гостуваат на Баер Леверкузен и ако победат ќе имат добри шанси за топ 8 во Лига на шампиони како би го избегнале незгодното доигрување. Лани така испаднаа во рана фаза од Реал Мадрид со вкупен резултат 6:3.