На само неколку дена до затворање на кандидатурите за најубав гол на светот за 2025-та, Кристијано Роналдо постигна страшен погодок, голчиште кое сигурно ќе конкурира за најубав на планетата во изминатите месеци. Португалецот еднаш ја доби оваа награда за слично ремек-дело кога со ножички постигна еврогол за Реал Мадрид против Јувентус.