Супстанца од вештачка трева предизвикувала пад на фудбалски допинг-тест

Норвешки клуб добил една правна битка и сега поучен од искуството бара фудбалската јавност да ги регулира правилниците за анти-допинг тестови.

Познатиот норвешки клуб Валеренга ги повикал анти-допинг телата да ги преиспитаат регулативите и правилниците по еден чуден случај во кој фудбалерка од нивниот женски тим паднала на анти-допинг тест. Се утврдило дека внела во себе забранет стимуланс и тоа од гумена трошка од вештачката смола на вештачки фудбалски терен.

Седум месечната сага завршила во средата кога светската Анти-допинг агенција (WADA) одлучила да не се жали на одлуката на Норвешката анти-допинг агенција (ADNO) која пресудила дека фудбалерката не се допингувала и не згрешила ништо. Ослободена била од каква било вина.

Но овој случај фрлил светло врз фудбалските терени со вештачка трева и играчите кои во иднина би можеле несвесно да паднат на анти-допинг тест поради слична ситуација.

Ширум Европа има илјадници синтетички терени познати како вештак/вештаци.

Целиот настан датира од 22 април годинава кога женската екипа на Валеренга се сретнала со ЛСК Квинер во салата ЛСК-Хал во Лилестрем близу Осло.

Рутински анти-допинг тест открил по четири девојки од двете екипи кои во крвта имале забранета супстанца диметилбутиламин (1,3-dimethylbutylamine) (DMBA). 

Еден од примероците кој припаѓал на фудбалерката на женскиот тим Валеренга ја преминувал границата од 50 нг/мл кој го пропишува Светската анти-допинг агенција (WADA).

Тоа покренало истрага која што ги збунила официјалните лица на двата женски тима кои го играле натпреварот и на агенцијата Адна кои не пронашле заеднички деноминатори во храната, пијалаците или другите суплементи кои ги конзумирале фудбалерките.

Погодената фудбалерка која решила да остане анонимна, за Гардијан раскажала за анксиозноста која и ја предизвикало сознанието дека е обвинета за кршење на анти-допинг правилата.

„Беше ужасно. Беше многу вознемирувачко искуство и навистина не можав да разберам што навистина се случува“.

Нејзе и било дозволено да ја продолжи кариерата додека истрагата трае. Таа верува дека целата истрага и влијаела на нејзините настапи а целиот случај траел до јули годинава.

По тестирања на примероци вода и супстанци од повеќе локации во салата, се утврдило дека гранула од уситнети гумени трошки на вештачкиот терен содржел супстанца ДМБА која пренесена на фудбалерките за време на натпреварот.

ДМБА е синтетичка супстанца која го стимулира централниот нервен систем и понекогаш се користи во дијететски додатоци иако е строго забранета супстанца во Норвешка и во ЕУ. 

На крајот после долги фрустрации откако се открило што била причината, утврдено е дека фудбалерката не сноси никаква вина ниту намера во првиот познат случај во професионален спорт каде изложеноста од околината била одговорна за прекршокот.

„Отсекогаш знаев дека не сум сторила ништо лошо и благодарна сум и на АДНА (норвешка анти-допинг агенција) што го следеше изворот дури до ЛСК-Хален салата“, рекла фудбалерката.

27 ноември 2025 - 11:28