Offside

Иако има 65 години, шпанскиот стратег нема воопшто богата клупска кариера. Го водел Алавес и уште три нисколигаши. Но неговата умешност лежи во селекторската работа. Во портфолиото има европска титула со Шпанија У-19, Шпанија У-21 и бронзен медал со У-23 на Летните Олимписки игри 2020. Со сениорите освои Лига на нации, ЕП и СП. Одиме со фактите.

Левицата на Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател како млад професионално се занимавал со фудбал а и сега на поодминати години покажа дека некои работи остануваат без оглед на возраста. Ревијален натпревар во Истанбул.

2017-та е за ракометните и фудбалските херои на Вардар и Македонија

Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.

Сторијата за Пако Хемез - култниот тренер од шпанското фудбалско подземје

Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.

Најдобриот гол, автогол и парада за 2017-та

Во изборот на Газета, најлудата одбрана на годината ја направи Марсело Гроз од Гремио во полуфиналето од Копа Либертадорес, автоголот е на Дабо од Витезе кој успеа да си го лобува голманот од 35 метри, а голот на годината го постигна дефанзивецот на Ајакс, Девинсон Санчез.

Шестмината ѕвезди од Серија А кои од маалски фудбал стигнале до ЛШ и ЛЕ

УЕФА интервјуираше шестмина славни фудбалски имиња, по еден од секој италијански тим кој сезонава е дел од европските натпреварувања. Не им било на сите лесно на почеток. Некој можел да заглави во лошо друштво, а друг воопшто да не заигра поради висината.

Светска шампионка во шах не оди во С. Арабија од принципи

Ана Музичук (27), украинската шахистка која е актуелен светски шампион во две брзи дисциплини (блиц и рапид), се откажала од одбрана на титулата и заработка од близу 250.000 долари поради борбата за правата за жените во Саудиска Арабија.

И Џерард и Чаби Алонсо би му честитале за потегов

Најубавото додавање на годината во Премиер лигата дефинитивно го има десното бекче на Ливерпул, Трент Александер Арнолд роден 98-ма. Па вакви топки со очи кои прелетуваат преку цел терен даваше само Синиша Михајловиќ. Многу јако мали.

Лажните фудбалски вести кои ги потресоа децата

Сте виделе ли како реагира дете ако му згрмиш со зборовите: Ако не бидеш умен, Луиз Суарез ќе дојде навечер и ќе ти го гризне вратот? Или ако му кажеш дека Арсен Венгер ќе потпише за Арсенал на уште 10 години? Реакцијата им е врв. 

Единствената екипа сезонава која новата година ќе ја дочека без пораз

Манчестер Сити и Барселона се неприкосновени изминативе четири месеци во домашните првенства, но ниту една од нив не издржа до крај, како што издржа непобедливиот Динамо Загреб.

Вака и Меси им правеше на 14 години

ФК Барселона воопшто не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи има школа во која играат најталентираните и најдобрите. Детево не е ни прво ни последно кое демонстрира ваков соло продор. Кој знае што ќе извадат за некоја година од таа силна конкуренција на ѕверчиња.

Мојата кариера не почна со чартер летови, туку со автобусите на ЈСП

Секогаш е оригинален, отворен и никогаш не заборава како почнал. Нема интервју кое не го бои со доза на хумор. Почитуван е секаде, ама и тој знае да почитува, без разлика што има тренер кој е помал од него. За крајот на кариерата вели дека ќе го послуша советот на татко му.

Најдобриот германски центарфор не оди во Реал поради проблем со ушите

21 годишниот Тимо Вернер е најталентираниот напаѓач кој Германија го има во моментов и тој на крајот на есента се најде на шорт-листот на Реал Мадрид заедно со Икарди, Алексис Санчез и Федор Смолов.

Ако Донарума продолжи вака, на следниот договор ќе влезе вујко му, двајца братучеди и комшијата

По серијата срамни резултати со Беневенто и Верона, во таборот на Милан конечно огреа сонце. Го добија градското дерби во четвртфиналето од Купот и тоа со Донарума на голот, ама Антонио за кој брат му Џиџо пред да потпише го услови клубот да го земат и него. Навивачите експлодираа од иронија.

Каратистот Берат Јакупи против изборот на Стојанче Стоилов

За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.

Пушкаш 2017?

Ај што е голот маестрален после акција од Плејстејшн, туку и описот на погодокот од коментаторот е за аналите.

Пазете како дрибла Зико на 64 години

Славни бразилски имиња одиграа хуманитарен натпревар поделени црни на бели. Зико вака го гледаш со мев и со бавни движења, што е нормално за годините, ама мозокот уште му работи за фудбал.

Најглупавата завршница во кариерата на Балотели

Како стојат работите во моментов, Марио е злато дете откако игра во Ница. Во Премиер лигата пак не се броеа неговите глупоштини. Без разлика што ова е летен подготвителен меч, не можеш да бидеш толку глуп, па уште и да се буниш кога те вадат од игра. 

Жешкото миланско дерби на кое тешко беше да се биде Дида

Градското дерби меѓу Милан и Интер до толку има тежина, што Гатузо рече дека вечерва ќе биде важно како мундијалско финале. Ќе се потсетиме на едно неодамнешно со скроз неочекуван однос на навивачите на кое тренерот на Милан тогаш беше меѓу играчите и им рече дека се луди.

Кога Коло Туре ја лажел љубовницата дека продава коли по Африка

Англискиот жолт печат на големо пишува за љубовниот триаголник на судијата Марк Клатенбрург којшто 10 месеци ја лажел љубовничката дека е бизнисмен и дека скоро ќе се врати од Саудиска Арабија засекогаш. Но тоа е ништо во однос на циркусот на Коло Туре.

Знаете ли кога Милан го победил Интер со гол на Икарди?

На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.

Лудиот меч на Стемфорд Брич со 8 гола и 3 црвени картони

Од Боксинг деј се паметат многу откачени резултати со драматични завршници, а ние налетавме на Челси - Астон Вила 4:4 од пред точно 10 години. Гостите имаа 0:2, па губеа 3:2 поради расположениот Шевченко. Кога Балак погоди во 88-ма за победа, всушност ништо не беше завршено. Судијата имаше многу работа. Ги избрка Карваљо, Ешли Кол и Зат Најт од Вила. 

Најлудата победа во НБА сезонава на стотинки до крај

На 0,6 секунди до сирената за крај, резултатот на мечот Феникс - Мемфис беше израмнет 97:97. Толку време им остана на Санси да ја фрлат топката од аут и да пробаат да изведат нешто. Мемфис го постави највисокиот Марк Гасол пред аутот за да штити, но Чендлер и Брендан Рајт смислија нешто.

Најголемиот номад меѓу фудбалерите влезе во гинис

Уругвајскиот напаѓач Себастијан Абреу очигледно е најненаиграниот фудбалер на планетава и човек кој ако може ќе заигра во сите клубови што постојат. Игра од времето на Франко Барези, генерација е со Неста, Роналдо и Шевченко и само што потпиша нов договор.

Како нестандардно решение му ја спасило кариерата на Надал

Пробувал разни светски признати методи со цел да ги намали болките во коленото за да на крај лекот го најде во една терапија која многу стручњаци ја сметаат за плацебо ефект.