Трилерот меѓу Фиорентина и Лацио кој е тешко да се раскаже

Ако Серија А треба да го одбере мечот на сезоната, веќе го има. Ваква драма нема ниту во шпанско, ниту во англиско. Се состои од 7 гола, 2 пресврти, 3 црвени, по еден даден и одземен пенал и ВАР кога ќе му текне на судијата кој на насловна на Кориере беше опишан со зборот „ужас“.

Фиорентина и Лацио синоќа одиграа натпревар од голема важност, бидејќи домаќините бркаат Лига Европа, а гостите Лига на шампиони, но овие вториве и покрај тоа што славеа 3:4 со два пресврти, жестоко го искритикуваа судењето за кое обвинуваат дека повеќе пати е против нив оваа сезона.
 
Првата насловна страница на ол лајн изданието на Кориере дело Спорт утрово изгледаше вака: Дамато беше ужас, Колку грешки во Фиренца!
Потоа нова насловна со обвинување од секторот за односи со јавност на Лацио.
„Победата повеќе од заслужена на Лацио во Фиренца не треба да го избрише скандалот на кој присуствувавме на Артемио Франки. И вчера имаше бројни судиски грешки на штета на Лацио, почнувајќи од главниот судија па се до ВАР“.
Покрај хајлајтос, од лудата драма направивме две верзии со кои ќе се обидеме да ви доловите што сè се случи синоќа во Фиренца. Газета пишува дека на Лацио не му е досуден пенал за стартот на Леива, а црвениот картон врз Мурџа е грешка.
 
Кратка верзија
 
7 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА ФИОРЕНТИНА
14 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА ЛАЦИО
16 минута - 1:0 ЗА ФИОРЕНТИНА ОД СЛОБОДЕН УДАР
29 минута - 2:0 ЗА ФИОРЕНТИНА ОД ПЕНАЛ
36 минута - НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
36 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА СИМОНЕ ИНЅАГИ
39 минута - ЛАЦИО НАМАЛИ НА 2:1
42 минута - НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
45 минута - ЛАЦИО ИЗРАМНИ НА 2:2
50 минута - ПОНИШТЕН ГОЛ ЗА ФИОРЕНТИНА
54 минута - 3:2 ЗА ФИОРЕНТИНА
60 минута - ПОНИШТЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
70 минута - ЛАЦИО ИЗРАМНИ НА 3:3
73 минута - ПРЕСВРТ НА ЛАЦИО ЗА 3:4
 
Долга верзија
 
7 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА ФИОРЕНТИНА
- Голманот на Фиорентина Марко Спортиело одбрани една топка на Имобиле со раце надвор од шеснаесетник.
14 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА ЛАЦИО
- Исклучен е Алесандро Мурџа за прекршок над Киеза кој имаше отворен пат до голот. Но топката не беше кај Киеза, голманот Стракоша беше во предност да ја фати и доволен беше жолт картон и помош од ВАР за спорната ситуација.

16 минута - 1:0 ЗА ФИОРЕНТИНА ОД СЛОБОДЕН УДАР
- Од спорниот прекршок Жордан Верету го отвори резултатот.
 
29 минута - 2:0 ЗА ФИОРЕНТИНА ОД ПЕНАЛ
- Старт на Луис Фелипе Рамос врз Киеза сомнителен за пенал. Судијата требаше да се повика на ВАР.
36 минута - НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
Слалом на Лукас Леива кој на крајот беше соборен. Дамато не досуди пенал, па дури и откако ја прегледа снимката.
 
36 минута - ЦРВЕН КАРТОН ЗА СИМОНЕ ИНЅАГИ
- Лацио остана без тренерот поради жесток протест кај судијата за недосудениот пенал.
39 минута - ЛАЦИО НАМАЛИ НА 2:1
-Луис Алберто стрелаше од слободен удар
 
42 минута - НЕДОСУДЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
- Марушиќ центрираше од десна страна, Бираги играше со рака, судијата ниту свирна пенал ниту се повика на ВАР.
45 минута - ЛАЦИО ИЗРАМНИ НА 2:2
- Мартин Касерес со глава од корнер го израмни резултатот на полувреме.
 
50 минута - ПОНИШТЕН ГОЛ ЗА ФИОРЕНТИНА
- Во 5 минута од вториот ден поништен му е гол на Симеоне поради офсајд. Судијата се повика на ВАР и не го призна голот.
 
54 минута - 3:2 ЗА ФИОРЕНТИНА
- Жордан Верету одлично се снајде во шеснаесетникот и го врати водството на својот тим.
 
60 минута - ПОНИШТЕН ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО
- Пецела направи фаул врз Имобиле, Дамато свирна пенал но потоа го поништи и се повика на ВАР бидејќи претходно имало офсајд.
 
70 минута - ЛАЦИО ИЗРАМНИ НА 3:3
- Топка на Марушиќ до Фелипе Андерсон кој ја шутна дрско од дваесетина метри и го врати Лацио во игра.
 
73 минута - ПРЕСВРТ НА ЛАЦИО ЗА 3:4
- Нова асистенција на Адам Марушиќ овој пат до Луис Алберто со својот втор гол на мечот ги постави конечни 3:4.
 
Ако уште не ви е јасно, доволно е да ги ѕирнете овие три коментари:
“Гасам телевизор, не можам да го гледам ова срање. Жал ми е Лацио, те сакам, ама не можам повеќе. Без разлика на сè и на сите“.
„Во ноќи како оваа, сакам да имам сила да го исклучам телевизорот или да го сменаm каналот. Ве мразам повеќе од сeкоја друга работа на светов. Ова е само игра, а вие уништивте сè што беше убаво и забавно, ама сè. За пари. Ми се гади од вас, ви посакувам сè најлошо“.
„Судијата кај ВАР да не е мртов?“
 
Видео од трилерот

19 април 2018 - 13:21