Offside

Матеј Гаштаров има 19 години. Роден е во Скопје. Првите фудбалски почетоци ги направил во Вардар. Во август 2024-та година овој фудбалер од средниот ред кој игра како последен играч за врска премина во Црвена звезда.

Тролачко фото на денот

Имаме четири екипи од Премиер лига и телефони кои биле ин во времето кога станале шампиони. Тотенхем најмногу го изеде и го јаде уште.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Дел Пјеро

Десет години подоцна: Пораснав, ве молам избришете го видеово и вратете ми ја топката од кров, ветувам дека од утре само ќе бранам. Јас ќе ја залепат ако се дупнала од керамидите, без гајле.

Епска изведба на пенал

Изведува Џејсон Квињонес Ангуло, колумбиски фудбалер во тимот на Пасаквина од Ел Салвадор.

Не паничи, ќе ти го вратиме мобилниот

Немаат акал турските навивачи, често пати, ама кога сакаат им работи тоа текнувалото. Екранот е здрав, нема чекпање по пораки и слики. Мобилниот е назад кај газдата. Добар изум на навивачите на Галатасарај.

Очекувано, полицијата и Динамо не ја пуштаат Торцида со Бенфика

Иако навивачите на Хајдук Сплит планирале да дојдат на мечот во Загреб, „модрите“ како што се очекуваше забраниле присуство на хрватски државјани (читај лична карта Сплит) на гостинска трибина.

Македонски фотограф направи фотка со Марадона која влезе во топ 30 на СП 2018

Македонија сонува ли сонува за пласман на еден Мундијал и има привилегија само да го гледа на тв и да навива за други. Ама на последното Светско во Русија имаше нешто наше со кое слободно можеме да се пофалиме и гордееме. На толку фотки богами...

Како и кога бананата стана главно овошје во тенисот?

Постојат многу причини зошто на Вимблдон, на пример, за две недели се јадат околу 5 тони од ова овошје кое доаѓа од Југот на Азија и од Папуа-Нова Гвинеја.

Ја паметите ли пријателската меѓу Бразил и Барселона?

Ако мислите дека вакво нешто било можно само на ФИФА или ПЕС, тогаш не сте гледале доволно фудбал, туку само сте го потеле џоистикот. Пазете Бразил против Барселона, дуел на две јаки и култни имиња во едни многу убави фудбалски времиња.

Го нема Роналдо, нема доволно голови

Беше јасно како ден дека Реал Мадрид нема да биде истиот без освојувачот на пет златни топки, впрочем и што може друго да се очекува кога неговиот придонес изнесуваше 450 гола за 9 сезони. Кој ќе надополни сега?

Ибра пак кај Џими Кимел во студио

„Жено, барај наместена куќа да не мора да акам со тебе по салони“. Златан Ибрахимовиќ после една година одново гостуваше кај феноменалниот Џими Кимел.

Навивачка култура на денот

Виљем втори го елиминираше Аз Алкмар во полуфиналето на холандскиот Куп. Навивачите збеснаа од радост и се симнаа на трева, ама кога гостите требаше да го напуштат теренот им се тргнаа од пат за да им отстапат место да поминат. И не само тоа, туку ги испратија со аплауз. Колку убав гест кој ретко се гледа.

Во дербито на колото Матрикс подобри од Рамстор

Макпетрол, Алкалоид и Матрикс славеа победи во последниот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во чест на камерманите кои ловат прекрасни голови од убав агол

Сме се нагледале убави голови, но најмногу благодарение на режијата и камерманите кои го вршат преносот и кои знаат како да фатат добар агол во прав момент.

Колку треба да си идиот да се ситиш на несреќа?

Манчестер Јунајтед во средата го совлада Кристал Палас на гости 1:3, а неколку навивачи на домашниот тим демонстрираа малоумност од невидени размери. Во 1958-ма година Јунајтед имаше авионска несреќа во Минхен која загинаа 23-ца патници од кои осум фудбалери, осум новинари, тројца од стручен штаб и уште двајца патници и овие со сиот памет земаа да ги дупчат за тоа.

Го видовте ли шкотскиот Ван Бастен?

Во шкотската Премиер лига, Хамилтон лесно, со 0-2 го преслуша Абердин. Џорџ Окли како Ван Бастен на времето го отвори резултатот.

Пречек на Валенсија како да освоиле Светско

Во шпанската фудбалска култура ја немаа онаа жестока ултрас сцена како во една Италија на пример, ама некој ги гледал навивачите на Зенит, па си рекол дај и ние да направиме нешто. Ова е атмосферата додека автобусот на Валенсија се движи накај Местаља каде синоќа го совлада Бетис и закажа финале со Барса во Купот на Шпанија. Амејзинг.

Мексиканска автоиронија

Во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Толука дома изгуби со 0-2 од Спортинг Канзас Сити и со вкупен резултат 0-5 во двомечот испаѓа од турнирот. Синоќа пред крајот домашните навивачи викале “оле“ на секој контакт со топката на играчите на Канзас.

Твитот со кој Барса го трола Модриќ

„Оди преку онлајн шопот купи си дрес од Меси, полесно ти е“, постирале админите на Твитерот на Барселона која што со 0:3 го прегази Реал сред Мадрид во полуфинале на шпанскиот Куп.

Што ако Роналдо има 300 милиони кога не може да седне на раат во кафана како Милко

Го облече дресот и на Ѕвезда и за Партизан. Беше репрезентативец и на Југославија и на Македонија. Роден е во Тетово, ама најголема ѕвезда е во Гронинген. Него не можеше да го легнеш во 11 навечер за да биде свеж на тренинг. Сакаше да го живее животот. И го живееше.

Фото на денот

Динамо Загреб игра фантастична сезона во Европа каде стигна до осминафиналето од ЛЕ. Во четврток на 7 март од 18.55 на „Максимир“ ќе ја пречекаат Бенфика. По пуштање во продажба на картите, се направила огромна колона пред билетарницата. Ваква атмосфера во и околу клубот немаше повеќе од неколку години поради бојкотот на Бед Блу Бојс.

Хајдук Сплит го тужи Лиам Галахер зошто им го украл логото

Додека на сите труби во Британија се свирело за модната линија Pretty Green во сопственост на некогашниот пеач на Oasis, Хајдук му спрема тужба за плагирање на амблемот.

Во родниот град на Меси има култ за Че Гевара, но не и за Лео

Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.

Леброн, дрво дефанзивно

Има 32.195 поени во кариерата и сега му фалат уште само 97 за да го стигне Џордан кој е четврти на вечната листа. Со 8.535 асистенции од вчера влезе и во топ 10 листата на асистенти во историјата на НБА лигата. Сето ова е ТОП, ама во одбрана е споменик.