Тројца крадци провалиле во домот на Стариџ, а фудбалерот за тоа објави на Инстаграм:
„Слушнете, некој провалил кај мене дома во Лос Анџелес и го украл моето куче. Ако некој знае кој обил кај мене, ќе платам колку треба, сериозен сум. Сакам да знам кои ми ги земал работите, сакам да знам кој ми го украл кучето. Сакам да знам што кој ѓавол се случува.
Како воопшто може да се влезе во дом во Лос Анџелес и да се украде нечие куче, луди ли сте? Кој може нека го најде моето куче, ќе платам колку и да треба сериозно“.
Стариџ објави уште две видеа кој набрзо ги тргна од Инстаграм. На нив рекол дека е спремен да даде 20-30.000 долари на рака ако некој му го врати кучето. Ќе дал колку што треба, само да му го донесат.
А на второто видео се гледаат тројца натрапници со качулки како го обиваат домот кој изгледа вака:
Кучето се викало Лаки Лучи и се работи за померански шпиц (померанец) којшто Стариџ го чувал околу пола година. На кучето му направил и инстаграм акаунт на кој има околу 3.000 следбеници.
Цената на овие кучиња обично се движи од 400 до 1.000 долари, а уникатните примери може да стигнат и до 4.000 долари. Даниел е спремен да плати 5 пати повеќе за омиленото домашно животно.