Во Шпанија има клуб Рамна Земја чиј претседател зборува за теории на заговор

Шпанскиот фудбалски клуб Мостолес Боломпје се преименувал во ФК Рамна Земја, со цел да ги обедини сите поборници на псевдонаучната теорија дека нашата планета не е топка.

Претседател на клубот е 32-годишниот Хави Повес а екипата се натпреварува во четвртата лига од шпанскиот фудбалски систем.

Младиот сопственик на клубот дал објаснување зошто се решил за преименување:

„Прво, фудбалски клуб е најдобра медиумска платформа и благодарение на популарноста на играта можно е да раскаже за своите погледи пред широк аудиториум. Во фудбалот има многу работи, кои ги водат луѓето во заблуда, на пример дека е важно само да се победува. Но мислам дека фудбалот може да биде и добар инструмент за општење.

Во детството и младоста ни всадија многу мисли кои воопшто ништо не значат. Процесите кои се случуваат во општеството поради лаги може да бидат многу опасни. Мене многу пати ми викаа дека сум луд, но не, се што правам е сомнеж за работите околу мене“, ја почнува својата теорија Хави Повес.

 

Второ, на фудбалот му треба децентрализација. Според Повес, клубовите се потпираат во рамките на една земја, еден град. „Сите екипи носат едни бои, а ние користиме идеи. Ние сме првиот клуб кој нема географски рамки - за нас може да се навива од секој агол на планетата. Ние сакаме да обединиме милиони следбеници на теоријата за рамна Земја и сите кои трагаат по одговори“.

КАКО ХАВИ ПОВЕС СТАНАЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИ ГОДИНИ, ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Хави Повес е роден во Мадрид и на 6 години почнал да тренира фудбал во академијата на Атлетико, омилениот клуб на татко му. Хави бил инспириран од неговиот втор братучед - играчот од среден ред на Алавес Оскар Тељес кој во 2001-2002 година стигнал дури и до репрезентацијата на Шпанија (4 настапи).

„Многу сакам некогаш да станеш фудбалер на Атлетико, но за да се случи тоа ти треба да заборавиш на три ипол работи: цигари, алкохол и ноќни излети. А половината? На жените“, му зборувал братучед му Тељес.

Хави ниту пушел, ниту пиел, ниту пак се враќал дома рано изутрина. Ама не станал ни фудбалер на Атлетико. Го отпуштиле од академијата, па отишол да тренира во Рајо Ваљекано (предградие на Мадрид).

Кога стигнал до прв тим, играл за вториот тим Рајо Б, а потоа и за Лас Росас, Навалкарнеро (четвртолигаш) и Спортинг Хихон (Ла Лига).

Хави секаде бил нетрпелив и се расправал. Еднаш влегол во канцеларија кај управата на Спортинг Хихон и побарал да не му плаќаат пари преку банка: „Не сакам моите пари нм секунда да циркулираат низ банкарскиот систем. Не планирам да користам услуги од банките“, рекол Хави.

Тој или седел на клупа или ретко играл за Спортинг Б. Во Ла Лига дебитирал на 25 години кога влегол како измена во последното коло од сезоната 2010/2011 кога се било веќе решено. На крајот од сезоната решил да заврши со фудбалот, а причина за тоа била корумпираноста на светскиот фудбал.

„Професионалниот фудбал е само пари и корупција. Тоа е капитализам, а капитализмот е смрт. Не сакам да бидам дел од системот во кој луѓето се богатат на сметка на милиони жртви во Јужна Америка, Африка и Азија. Да, не сакам да бидам проститутка во системот како 99% од луѓето таму. Каква е разликата дали заработувам 1.000 или 8.000 евра, ако тие пари крваво ги добиваш? Несреќен сум што луѓето во неразвиените земји гинат во опасни професии.

Им предлагам на сите да одат на плажа и да ги запалат тие проклети пари“.

Хави раскажал и дека во текот на кариерата немал никаков однос со другите фудбалери и дека имал затворен круг на пријатели. Откако завршил кариера патувал по светот и учел историја на Националниот универзитет во Мадрид. Во 2016 година тој се вратил во фудбалот и станал играч-претседател на Мостолес Боломпје (сега Рамна Земја).

Тој патувал во земји од третиот свет:

„Ако ми стане неподносливо во Шпанија, ќе се најдам себеси во Мјанмар. Сакам да одам во Африка, да го запознаам тој свет. Не ми требаат многу пари за тоа. Во Турција спиев во хотели за по три евра од вечер. Тоа не е проблем“, раскажува некогашниот фудбалер на Спортинг Хихон.

КАКО ВО ШПАНИЈА СЕ ОДНЕСУВААТ СО ПРЕИМЕНУВАЊЕТ НА КЛУБОТ ВО ФК РАМНА ЗЕМЈА?

Повес во последно време е многу активен. Во емисија на радио станицата Cadena SER тој го повикал на дуел првиот и единствен шпански астронаут Педро Дуке кој сега е министер за наука, иновација и универзитети во Шпанија.

„Дуке не ги прима моите повици. Знае дека ќе изгуби. Дуке е самозван астронаут кој постојано лаже. Современиот естаблишмент сака да не убеди во тоа дека Земјата е округлеста. Ако нашата планета има форма на топка, зошто тогаш многу луѓе се исплашени? Јас никогаш не сум чувствувал дека Земјата се движи. Уште чекам ти (Педро Дуке) да ми покажеш како паѓа водата“, рекол Хави Повес.

 

На нападите на Повес одговорил портпаролот на министерството за наука кој рекол дека министерот Дуке нема да учествува во оваа кловнијада.

„Хави Повес игнорира научно докажани факти дека Земјата е округла. Такви луѓе како Повес се опасни за општеството исто како и тие кои зборуваат против вакцините“.

ОД КОГА ДАТИРА ТЕОРИЈАТА ЗА РАМНА ЗЕМЈА?

Здружение „Рамна Земја“ се основало меѓу XIX и XX век. Меѓу основачите биле англискиот проповедник Џон Александр Доуи и проаноѓачот Семјуел Роуботем.

Според нив, тајната светска влада организирала заговор за да ја скрие вистината од луѓето.

Основните аргументи и хипотезата на овие теоретичари се:

- Морето и океаните треба да имаат свиок во форма на Земјата, а не да бидат рамни;
- Антакртида - ледената карпа висока 46 метри ја обложува планетата во форма на диск;
- Гравитации не се случуваат;
- Сите фотографии од вселената се смислени од тајната влада во сенка.