Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
За 11 години, шеиците го направија Сити најголем клуб во Англија: блескава инфраструктура, луксуз, богатство, преубав фудбал на Гвардиола и 13 освоени трофеи. Сезонава клубот тргнува кон првата Лига на шампиони во својата клупска историја.
Уругваецот Диего Лаксалт (26) се сели од Милан во Аталанта со која ќе игра Лига на шампиони и тоа баш на „Сан Сиро“. Левиот бек, во кариерата играше за Болоња, Емполи и Џенова од каде дојде во Милан. А еве и зошто оди во Аталанта.
Просечниот француски прволигаш Стразбур синоќа со 1-0 го победи минатосезонскиот полуфиналист во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт во плејоф за истото натпреварување. После мечот навивачи на Ајнтрахт ги нападнале домашните навивачи кои биле заедно со пријателите од германски Карлсруе.
На 5 август Олимпик Марсеј го договори 14-милиони евра вредниот трансфер на шпицот Дарио Бенедето од Бока Јуниорс. Бенедето важи за пеколен напаѓач, ама на гостувањето кај Нант така лошо изведе пенал, што топката уште ја бараат надвор на паркинг.
Од стартот на годинава во шумите на Амазонија се разгореле рекорден број на природни пожари - веќе се констатирани повеќе од 74.000 жаришта, односно 85% повеќе од лани.
Кошаркарската селекција на Америка, во пријателска средба пред стартот на Светското првенство, ја совлада Австралија пред 51.218 гледачи во Мелбурн. Мечот го одбележаа неколку интересни моменти.
Кореецот Даки Ли, кој од своето раѓање не слуша, направи феноменален подвиг и оствари прва историска победа на АТП Тур. Енди Мареј, Тенис Сандгрен и други познати тенисери од турот, велат дека тоа што го прави младиот Кореец е чудо.
Во натпревар од 1. коло на македонскиот Куп, Брегалница го совлада прилепскиот клуб Ново Црнилиште со 22:0. Интересно е што Штипјани во прво полувреме дале „само“ 6 гола. Ново Црнилиште е тим кој игра во општинската лига на Прилеп и номинално требал да биде домаќин, но мечот се одиграл на градскиот стадион во Штип.
Во Лига 2 во Англија, Лејтон Ориент со гол во 90+6’ минута го победи Мансфилд на гости со 2-3. Тренерот Рос Емблтон се занел во славјето со играчите, а еден редар мислел дека е влетан навивач па го тегнел назад.
Лазар Ранѓеловиќ е главниот херој на мечот Олимпијакос - Краснодар. Влезе во 75’ минута и даде два прекрасни гола во убедливиот триумф од 4-0 со кој Пирејците се скоро влезени во Лига на шампиони.
Некогашниот капитен на Англија и Манчестер Јунајтед беше исклучен со директен црвен картон синоќа на мечот ДС Јунајтед - Њујорк Ред Бул. Ова е финална сезона за Руни во Америка, затоа што во јануари ќе игра во Дерби во англискиот Чемпионшип.
Eден од подобрите мексикански напаѓачи на денешницата, Карлос Вела им се придружи на Меси и Диего Марадона во кругот на играчи кои постигнале нереален гол што долго ќе се прераскажува. Неговиот Лос Анџелес го победи Сан Хозе со 4:0, а Мексиканецот го даде третиот погодок.
Триесет и две годишниот капитен на Барселона се врати во полн тренинг по повредата која што ја доживеа за време на предсезонскиот период. Се очекува Меси да игра на следниот меч против Бетис во Ла Лига.
На 10 август, 12 години после својот последен меч во Премиер лига, Шефилд Јунајтед го даде првиот гол во мрежата на Борнмут, кој на навивачите им го подари Били Шарп, човекот кој требаше да го направи тоа.
Од Светското првенство 2014, до шпански третолигаш во Сегунда Дивизион Б. Ова би можела да биде парабола за кој било фудбалер кој играл на Мундијалот пред 5 години, но не се работи за тоа.
Ако можело да има пукање во гулаби (1900-та година), качување по јаже (1896, 1904, 1906, 1924, 1923) и двобој со пиштоли во кукли на кои стои мета (1906 и 1912), зошто тогаш да ја нема и оваа многу занимлива игра.
Еден од најсаканите клубови во Берлин, клубот Унион Берлин за првпат во историјата игра во Бундеслига. Навивачите на првиот меч од сезоната против Лајпциг носеа слики од нивните најблиски роднини и пријатели кои цел живот биле со клубот, но сега веќе не се меѓу живите.
Седум минути фудбал на мечот Мамелоди Сандоунс против Кејп Таун Сити во првенството на Јужна Африка, и Хиомфо Кекана распали една ракета каква што не се гледа редовно на фудбалските натпревари.
Португалецот во моментов е најозборуван фудбалер во шпанската лига. На пред-сезонските натпревари правеше дар-мар, а растури и на првиот меч во Ла Лига. Дечкото е магија.
Леонел Енрике Падиља е фудбалерот на еквадорскиот тим Макара кој во 7’ минута на гости кај Универзидад Католика постигна пре-преубав гол од своја половина. На крај неговата екипа славеше 1-3 и е прва на табелата во Еквадор.
Фудбалерот на Манчестер Сити, кој тогаш беше просечен англиски клуб, Бен Тачер најгрубијански можно влезе во еден дуел со Португалецот Педро Мендеш од Портсмут. За овој „обид за убиство“ доби суспензија од 8 меча. Педро го вратија во нормала со боца за кислород, а ноќта ја поминал во болницата. Тачер притоа бил казнет со дополнителни 6 натпревари од својот клуб.