Разно

Решена мистеријата за атлетичарот за кој мислеа дека градел пирамиди во Гиза

Нималку не е добро кога се прават шеги на сметка на нечиј надворешен изглед, но честите случаи од Африка со лажирање документација за раѓање (или воопшто немање никакви документи) придонесуваат светската јавност да крои анегдоти за атлетичарите од црниот континент.

Ник Кирјос - пакосен морон уште од мал

Мајка му на Ник Кирјос неодамна постирала фотографија од син ѝ на мали години и напишала: „Тој не јадеше погрешна храна, само јадеше премногу добра храна. И поради тоа што беше буцко, го маваше топчето силно и прецизно, секогаш во аголот од теренот за да не мора да трча назад“.

Фрустрација на денот

Рафаел Надал го елиминираше Ник Кирјос од Вимблдон со триумф од 3:1, ама Кирјос не е Кирјос ако не се изглупира со некој потег. На ваков велепен турнир, фати да го удира Рафа со топчето директ во тело. Најјакото е што потоа на пресот признал дека било намерно и дека нема ни да му се извини. Каква цепаница.

Валентино Роси паѓа од мотор три трки по ред, дали се гледа крајот на кариерата?

Во кариерата на „Докторот“ се случува сосема невидена појава со хаварии на трките. Минатата недела на трета трка по ред падна од мотор и како полека да крева бело знаме.

Падна поенот на турнирот, уште во прво коло на Вимблдон

Пабло Куевас vs Дамир Џумхур 3:2 во прво коло на Вимблдон. Босанецот во еден момент го лобуваше Уругваецот доста искусно за сигурен поен. Арно ама Куевас во тој момент реши да се претвори во Федерер.

Двајца маратонци се договараат кој да победи

И двајцата стигнаа на целта, ама проблемот е што само еден може да биде прв. Ајде тогаш за да нема љутиш одиме со игра од детството : Лист, камен, ножички.

Ако ви фали играч, ќе дојдам

Српскиот претседател Александар Вучиќ во текот на својата кампања по земјата, посетува сали и фудбалски терени, каде пробува да покаже колку знае со топка.

Англиско македонски појадок во Лондон со Офсајд

Читател ни прати фотка од Лондон по која и по веќе изеден мрсен пица бурек утринава, ова сега би го јаделе за ручек.

Навикнати сме на чудни резултати 40:15, 30:40 во тенис, ама од каде потекнуваат?

Тешко дека постои човек што кога првпат во животот гледал тениски меч, од прва го сфатил броењето на поените. Толку е просто што е толку сложено.

22 години од легендарната битка кога Тајсон го гризна Холифилд за уво

На 28 јуни 1997 година во Лас Вегас се одржа легендарниот дуел меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, кога „железниот Мајк“ му откина дел од увото на противникот. Ова се смета за еден од најжестоките моменти во историјата на боксот.

Премијата татко на годината дајте му ја на господинов

Толку ѝ го тера ќејфот што со сигурност ја заслужува наградата најдобар татко на годината. Трпение, разбирање и љубов. Браво царе!

Во ’90-те, лисици мочале на тревата на Вимблдон и ја упропастувале

Помалку од една недела останува до почетокот на Вимблдон - најстариот и најпрестижниот турнир на планетата. А денес, овој крал на Гренд слемите е еден од ретките турнири кои се игра на трева.

Ти ако имаш 17 години, тогаш Пеле е матурант

Во новата епизода на африкански спортисти со сомнителна возраст (оваа е скроз сомнителна), запознајте го Едвард, тинејџер кој личи дека бил тинејџер во 60-те.

Овој Кирјос стварно бил голем цреп

Помина само еден ден откако во интервју со дете сакаше да се направи интересен дека не го познава Новак Ѓоковиќ и ете го денеска пак по насловни, како прави циркузи, омаловажува судии и фрла рекети.

Кирјос: „Новак Ѓоковиќ? Кој е тој?“

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос уште еднаш го покажа својот пргав темперамент. Нема ден а да не пише нешто или изјави против светскиот тенисер број 1. Новак во вторникот одговори дека нема никаков проблем со таквиот однос на Кирјос кој не престанува да го омаловажува, без некоја посебна потреба.

Цонга и Беноа Пер заиграа фудбал на сред тениски дуел во Хале

При резултат 1-1 во вториот сет, Французите Беноа Пер и Жо-Вилфред Цонга решија да поиграат малку серва на мрежа.

Шарапова смета дека нејзиниот раст е резултат на Чернобил

Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.

Надал на 16 години зборувал како не му се игра на земја

33-годишниот Рафаел Надал во неделата го освои Ролан Гарос откако го прегази Доминик Тим во финалето и по 12-ти пат го освои легендарниот земјен Гренд Слем. Тоа беше негов 18-ти пехар од најголемите турнири. Но Рафа на 16 години не сакал да игра на земјена подлога и тврди дека омилен турнир му е Вимблдон, а не Ролан Гарос.

Времето кога на Олимпијада имало спорт - убивање гулаби

Ај што се тегнеле со јажиња, во тоа нема ништо лошо. Или што имало олимписки спорт кој подолго ќе нурка. Ама што убивале птици, тоа е факт од кој во Меѓународниот Олимписки Комитет се срамат ден-денес.

Во Канада на патеката за Формула 1 редовно страдаат животинчиња

Дабари, мрмоти и верверички се животинчињата кои редовно се појавуваат на легендарната патека за Гран При во Монтреал. Пилотите возат толку брзо што само во ретки случаи и со чиста среќа успеваат да избегнат немили настани со животните.

Режија, се слушаме?

Заебан момент. Додека се интонираат химните, сите мирно стојат, а ти мораш да моташ кабли и држиш камера кон секој играч поединечно.

Бесниот Довициозо возеше 356 километри на час

Во пресрет на Големата награда на Италија, Андреа Довициозо на третиот слободен тренинг на патеката „Муџело“ разви страшна брзина и го урна рекордот за наголема брзина откако се вози Мото ГП.

Фер потегот на Ѓоковиќ кој го воодушеви Ролан Гарос

Светскиот број 1 со 3:0 во сетови го совлада Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Во вториот поен од осмиот гем во првиот сет судијата Кјотавонг досуди аут после еден силен сервис на Зверев, а Новак ја преиначи неговата одлука и доби аплаузи.

Буцкото кој ја направи најголемата боксерска сензација на векот

Во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се случи најголемата сензација, откако светскиот боксерски првак во ЧЕТИРИ верзии, Ентони Џошуа ги изгуби сите појаси од анонимниот дебелко Енди Руиз.