Во аматерскиот хокеј дедо Марк Сертич игра скоро цел живот, а на 18 јули ќе полни 99 години.
Сертиќ е роден во Минесота во 1922-ра година кога оваа држава уште не била главен центар на американскиот хокеј, но страшно студените и снежни зими придонеле локалните деца да ја играат канадската игра.
Дедо Марк се качил на лизгалки на 11 години.
Во младоста го затекнала Втората светска војна - бил припадник на армијата на САД во 1942 година и после две години го пратиле во Европа. Не учествувал во десантот на Нормандија, а неговата дивизија во која служел еднаш паднала во германски раце во Арденската офанзива меѓу Белгија и Холандија.
После освојувал мостови преку реката Рајна и учествувал во ослободување на концентрациониот логор во австрискиот град Линц. После некое време се вратил дома неповреден и си го уредил животот по свој ќејф.
Сертиќ со свои раце изградил куќа во Дулут (град во Минесота) и ги собирал децата кои сакале да играат хокеј. Оние кои живееле подалеку, ги собирал со своето комбе, им ја ставал опремата во багажник и оделе на хокеј.
„Ги учеше децата на едно: ако сакаш да бидеш најдобар, тогаш жртвувај ги сите сили и способности за да бидеш најдобар“, се сеќава на тоа време син му Стив Сертиќ.
Сертиќ до почетокот на '80-те години работел во канцеларија на локална фирма, а во тоа време се спријателил и со некои пожарникари кои имале аматерски тим и играле дури 5 пати неделно. Сертиќ почнал да игра со нив и до ден-денес е во тимот.
Иако аматерскиот хокеј е далеку поблаг од професионалниот, сепак и таму може да се доживеат повреди па така другарите на Марк Сертиќ виделе како скршил заб, како скршил ребро, извиткал зглоб или паднал незгодно. Секој пат се враќал на мразот и продолжувал да игра.
Кога наполнил 80 години, другарите од екипата му подариле на ветеранот сертификат за бесплатно лизгање до крајот од животот, како да не ни можеле да претпостават дека Марк ќе игра хокеј во следните 20 години.
„Одлична зделка беше ова. Ќе лизгам толку долго колку што ќе можам“, се смее ветеранот.
Вели дека секое сабајле станува во 6 - прави склекови, “чучњеви“, се истегнува. Три пати неделно игра хокеј, а после натпреварите оди дома со пријателите и ги коментира дуелите. Многу му помогнало и трчањето. До 85 години трчал разни дистанци и учествувал на маратони.
„Еднаш за време на една трка падна и тешко го пвреди средниот прст. Хирурзите сметаа дека треба да му се ампутира. А тој се сврте и ми кажа: 'Стив, остави нека ми го сошијат палецот да можам да ја држам палката за хокеј. Хирургот се изнасмеа но татко ми не се смееше“, раскажал еднаш Стив Сертиќ.
Синовите и внуците на дедо Марк Сертиќ исто играле хокеј, а професионална кариера направил само еден, Енди Сертиќ кој бил избран од Питсбург во 5. рунда од драфтот 2002. Но не успеал во Пенсилвацнија па играл во ECHL и Европа во хрватски Медвешчак.
Енди еднаш го возел дедо му во татковината на неговите предци во Хрватска и на местото каде се наоѓал нацистичкиот логор Маутхаузен.
Марк Сертиќ е рекордер - во Гинисовата книга на рекорди тој многу години е заведен како најстариот хокеар на планетата. Но Марк има поголема цел - да игра хокеј на мраз до 100 години.
„Тешко е да објаснам зошто го сакам хокејот. Ти можеш да трчаш со пакот, да го додадеш, да го земеш од други играчи. Се прават многу разни работи и просто се движиш напред. Играта ме запозна со многу добри луѓе. Тие цело време ми го подаваат пакот зошто некогаш се лутам ако не ги дадам сите голови“, заклучува најстариот активен хокеар.