Шампионката во уметничко лизгање која снима порно филмови

Најверните следбеници на уметничкото лизгање кои го следеле овој спорт и во 2000-те години, сигурно ја паметат Мелиса Буланхаги, американска лизгачка со филипински корени.

Во 2008-ма година Мелиса Буланхаги ја освоила титулата на јуниорското Гран при во Италија, а нејзин најголем успех во професионалната кариера била бронза на турнирот Nebelhorn Trophy 2010 кога шампионка стана легендарната Кира Корпи од Финска (три пати Европска шампионка).

По извесно време, Мелиса Буланхаги преминала да се натпреварува за репрезентацијата на Филипини во знак на почит на нејзините родители, но не успеала да обезбеди виза за Олимпијадата во Сочи.

Последениот голем познат настап на Мелиса Буланхаги беше шампионатот на четири континенти 2015 кога заврши на 15. место:

Кога веќе и здосадило уметничкото лизгање, спорт кој важи за многу конзервативен, во 2015-та година девојката не само што сменила друг начин на живот, туку и друго име: Џада Кај.

Поранешната уметничка лизгачка која во август годинава полни 30 години влегла во порно индустријата за што подробно раскажала во подкастот кај Асира Акира на PornHub.

„Пораснав на лизгалки, 5 години бев во репрезентацијата на САД, во спортот ме внесоа родителите. Бев многу добра девојка, тренинзите и турнирите беа цело мое детство.

Но по завршување на школото, станав поенергична и се плашев дека ќе останам стара девица. Ми беше тешко да живеам со тоа, зошто уметничкото лизгање е многу конзервативен спорт и се плашев дека луѓето ќе ме осудуваат. Памтам кога изгубив невиност, сакав да раскажам на сите за тоа“.

Најголемо влијание да прекине со тренинзи и општо со уметничко лизгање влијаела неправда кога ги пропуштила Олимписките Игри во Сочи, Русија.

„Победив на националниот шампионат и барав виза за Олимписките Игри. Ми одговорија дека наместо мене ќе пратат јуниорска шампионка. Иако жртвував се и бев добра“.

После оваа неправда, Буланхаги некое време поработела со млади лизгачки на Тајланд, но брзо се вратила во САД каде и лизгала но и работела како келнерка во бар.

„Кога работев во бар, почнав да пијам. Бев несреќна личност која живее расипнички живот“.

„После со една другарка отидовме во Калифорнија и барав работа која може да се работи од секаде. Мислите на работа ме правеа тензична па да се опуштам и релаксирам гледав порно.

Подоцна добив понуда за веб-кам модел. Почнав да гледам документарци за нив и пробав. Заработив 200 долари за една вечер. Успеав да направам кеш за една вечер, па продолжив да работам тоа. Му кажав на цимерот а тој не само што ме поддржа туку почна да бара интерес за моја нова кариера.

Сакав да ми порасне кариерата и добив понуда од Ријалити Кингс за нивниот нов канал наречен „прави аматери“ и таму снимив три сцени за нив“.

Набрзо Мелиса влегла во сериозни порно студија.

„Во порното сум една година, нова сум, млада сум, но сакам да растам во оваа професија. Сега заработувам прилично, живеам добро и несразмерно посреќно од претходно“, констатира Жада Кеј која некогаш била строго воспитувана во цврсто католичко семејство, а подоцна влегла во други води.

СВЕТСКАТА ШАМПИОНКА ВО ГИМНАСТИКА КОЈА ОТИДЕ ВО ПОРНО ИНДУСТРИЈАТА

19 јуни 2020 - 12:38