Светот на автомобилизмот е суров: патот од млад возач на картинг до главната серија на автомобилизам е долг а места во елитата нема многу (на пример во Формула 1 има само 20 пилоти од цел свет).
Поради тоа повеќето пилоти не ни градат кариера и се соочуваат со тешкотии да привлечат спонзори. Најчесто ако таткото бил поранешен тркач па својот кредит го користи да го истурка својот наследник, во сите останати случаи многу пилоти ја напуштаат кариерата со долгови и кредити.
Најдобра можност за животна заработка и решавање на сите животни прашања по автомобилистичката кариера покажала Австралијката Рени Грејси. Таа во првата половина од 2010-те години важела за голем талент: на 18 години станала првата девојка во историјата на Австралискиот Куп „Порше“, возела таму 2 сезони, победила на 41 трка и се натпреварувала против мажи.
Потоа отишла во повисока категорија - Super2, своевидна втора лига во главната австралиска серија V8 Supercars (има по 250.000 гледачи на секоја етапа и е популарна скоро како Формула 1), а потоа блеснала во најпрестижната трка „Батерст 1000“.
Рени Грејси поминала 2 ипол сезони во Super2 серијата и никогаш не била повеќе од 12. место. Не можела да најде спонзори и сопствениците на тимот решиле да ја избркаат во текот на сезоната.
Грејси тогаш решила да тргне во други води: снима порно видеа на барање на сабскрајбери (претплатници) на нејзин профил. Сама е во главна улога на видеата.
Набрзо станала модел на платформата onflyfans.com каде месечен пристап до нејзиниот профил чини 12,95 долари.
Рени брзо станала една од ѕвездите на оваа платформа и таа веќе има 11.500 претплатници. Чисто теоретски (доколку се земат попустите за подолготрајна претплата) овие сабскрајбери би и донеле 1,2 милиони долари годишно.
„Влегувањето во порно е најдобра одлука во мојот живот. Ми се допаѓа тоа со што се занимавам, кој би помислил на тоа. Верувале или не, но татко ми знае се и ме поддржува. Во просек заработувам по 2.500 долари на ден или 18.000 долари неделно. Благодарение на тие пари за една година ќе ја затворам хипотеката која е обврзана на 30 години“,вели Рене Грејси за News Corp Australia.
Што се однесува до авто-кариерата, таа вели:
„Со трките ништо не добив. Мислам дека изгубив желба кога сфатив дека не сум толку добра како другите. Немаше резултати, тешко беше да се најде буџет. Се трудев колку можев, но изгубив мерак и продолжив понатаму.
Сега трките веќе не се моја страст. Немам ниту најмал интерес да се вратам. Пилотирање тркачка кола веќе не е врв на мојот живот. А кога би продолжила одново би почнала од „Батерста“.
Одбивноста кон трките најверојатно и ја создал и сексистичкиот однос од стрна на мажите. Еднаш еден конкурент ја нарекол колата во која таа возела со партнерката Симона де Силвестро „pussy wagon“ поради што го казниле 25.000 долари.
Таа признава дека мажите постојано и дофрлале за време на трките, а шефовите на тимовите во неа гледале само жива кукла за привлекување на спонзори, а кога немала добри резултати никому веќе не била потребна и добила отказ.