Разно

Несекојдневна сцена на Олимпијада: двајца лидери поделија злато

Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери освоија златни медали во скок во вис на Олимписките Игри во Токио, што е првпат во историјата на Олимпијада во оваа дисциплина.

А го видовте ли олимпискиот шампион што плетеше во сала?

Додека го гледаше женското финале на скокови во вода во дисциплината 3 метри, и самиот олимписки шампион во скокови во вода, Британецот Том Дејли си плетеше на трибини и стана хит во Токио.

Стојоски со личен рекорд ги заврши Олимписките Игри

Рано утрово уште еден македонски претставник го заврши својот настап на Олимписките Игри во Токио.

Поставен нов олимписки рекорд на 100 метри во женска конкуренција

Илејн Томпсон Хера од Јамајка е новата атлетска хероина, откако на трката во спринт на 100 метри на ЛОИ во Токио блесна со време од 10,61 и заслужено го освои златниот медал и го урна рекордот.

Им го посветувам медалов на Пума и Адидас, викаа не сум бил добар

Жорж Фонсека е џудист (или ако сакате поправилно џудока) од Португалија. Првпат на Олимписки Игри во категоријата до 100 килограми се појави во 2016-та каде испадна во втора рунда. Во 2019 и 2021 освојувал злато на Светските првенства во џудо во Токио и Будимпешта. Во Токио летово освои бронзен медал.

Изненадувањето на игрите во Атланта 1996 со Мухамед Али

Тоа се Олимписките игри кои Македонија ќе ги памети по деби учеството како независна држава, а светот по појавувањето на една од најславните спортски фигури на 20-ти век. Се тресеше поради Паркинсовата болест која му беше дијагностицирана во 84-та, три години во пензионирање, но сепак го запали оганот и го збогати спектаклот.

Нова олимписка дисциплина во сурфање

Може да се вика сурфање на мирни води, бидејќи тука не се потребни бранови. Шампионов заслужува златен медал, плус не прави гужви по мостови бидејќи не ги користи.

Пресврт со помош на презерватив за бронзен и златен медал на Олимпијада

Австралиската репрезентативка во кајак Џесика Фокс може да се пофали како една од ретките на Олимписки Игри кои освоиле четири медали. Но покажа и иновативен начин за заштита на кануто и веслата.

Чек да го видиш Мурињо како слави медал на Португалија

Новиот тренер на Рома Жозе Мурињо паузата од подготовките и тренинзите за новата сезона ја користи да гледа Летни Олимписки Игри во Токио. Многу му се израдува на првиот медал на неговата Португалија.

Шампионски пречек за Дејан Георгиевски на плоштад

22 годишното момче од клубот Бутел, вети медал на Олимпијадата во Токио и се врати со него на градите, а неговите фанови му возвратија и го пречекаа во солидна бројка на пеколното време. Ова се историски моменти за македонскиот спорт.

Голем пречек на аеродром за македонскиот шампион Дејан

Човекот кој по големата радост која ни ја овозможија фудбалерите, придонесе годинава на спортски план уште повеќе да се радуваме, стигна на скопскиот аеродром каде го пречекаа многу навивачи, другари, роднини.

Бразилски одбојкар постојано игра со маска

По големото одбојкарско дерби меѓу светските сили Русија и Бразил, многумина ги заинтересира бразилскиот одбојкар Лукас кој беше еден од двајцата на целиот терен кој не ја спушти маската воопшто.

Единствениот пат кога Болт задоцни на тартанот

Врвот на задоволствата на Летните Олимписки игри е атлетиката со која се заокружува најголемата спортска манифестина во светот. Ќе фали кралот кој царуваше во Пекинг, Лондон и Рио, каде освои 8 златни медали. Камерманите ги фаќа трема кога ќе го видат, а не па да се тркаш со него.

Сите Македонци кои на гради закачиле олимписки медал

Дејан Георгиевски е само вториот наш претставник со најголемото олимписко одличје од независноста на Македонија. Но историјата со Македонците во Олимпизмот е подлабока и датира од 1956-та година со голман кој кариерата ја почнал во ФК Вардар.

15 спорта кои не се олимписки а би можеле да бидат

Долга е листата на спортови од кои некои се прилично популарни и гледани, кои бараат свое место на Олимписки Игри кои се одржуваат на секои четири години. Некои од нив апсолутно заслужуваат да се најдат во програмата на Олимпијада.

Челичниот подвиг на Јапонка која освои бронза по тешка повреда

Во вторникот Јапонката Микидо Андо освои олимписка бронза во тешка атлетика, односно во дисциплината кревање тегови. Резултатот е невројатен ако се знае дека Андо пред само пар недели била во инвалидска количка со штаки во раце.

Фабио, тоа не е за меѓу нозе

Шпанската тенисерка Пола Бадоса го предаде четвртфиналниот натпревар во Токио поради жешкото време и го напушти теренот во инвалидска количка. Медведев го праша судијата, кој ќе биде одговорен ако умрам, а Фабио Фоњини цевката за кислород почна да си ја пика во гаќи.

Првиот човек што освои злато во сурфање на Олимпијада, се учел на капак од фрижидер

Една од најјаките олимписки приказни што ќе ја прочитате е за Бразилец, кој велат дека е најсиромашниот што успеал да освои златен медал. Се соочил со патешествие до Токио како никој друг натпреварувач.

Што е со одбојкарскиов сервис?

Чудни работи видовме деновиве во спортовите кои се играат со топка. Во само неколку дена се случија три нереални фудбалски утки на празен гол, потоа дански фудбалер ја префрли топката преку стадион, а на игрите во Токио, италијански одбојкар сервираше во небо.

Дејан од Токио: Ве чекам на плоштад, со цело срце за Македонија

Македонската таеквондо федерација најавува пречек за Дејан Георгиевски в четврток. Во 14:30 на аеродром, во 19:30 на плоштад. На слевење повикува и човекот кој го направи најголемиот олимписки успех во историјата на Македонија. Заслужува.

Теквондо или таеквондо?

Треската за спортот кој го измислиле Корејците пред 80 години, а со кој нас не загреа јунакот Дејан, кој инаку меѓу тројцата елиминираше и Кореец, денеска се префрли на Твитер. Станува забавно. Еден им пишал дека баба му го вика: таквото.

Прво место за Блажевска во квалификациската група во Токио

По сензацијата на Дејан Георгиевски во теквондо, настапите на македонските претставници на Летните Олимписки игри продолжуваат со пливање. На сцена стапи најмладата олимпијка во историјата на Македонија.

Олимписки боксер со лоша имитација на Тајсон

Поминаа 24 години од славниот дуел Тајсон - Холивилд, ама кај некој тоа оставило силен впечаток, па се обиде да го повтори во Токио. Се работи за Јунес Бала од Мароко кој имаше неуспешен гриз од уво во дуелот со Дејвид Ника од Нов Зеланд.

Што вети Дејан Георгиевски пред да замине во Токио?

Македонија од денеска има нов спортски херој кој го донесе вториот олимписки медал од независноста, а воедно прв сребрен. Историскиот успех е дело на 22 годишно момче од Бутел школата во таеквондо, кој не замина на Олимпијада само колку да учествува.