На дефилето се појави само еден од тројцата наши претставници, а тоа е алпскиот скијач Дардан Дехари кој го развиори македонското знаме.
Ставре Јада и Ана Цветановска се во карантин заради контакт со позитивно лице на Kовид 19, но се подготвени за своите настапи.
Олимпискиот стадион „Птичје гнездо“ стана првиот во историјата на кој се одржала церемонија на отворање на една летна (2008) и една зимска олимпјада (2022).
Ова се 24 Зимски олимписки игри, а за Македонија осмo учество после дебито во Лилехамер 1994.
Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти:
Ана Цветановска (крос-кантри) - ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари).
Ставре Јада (крос-кантри) - ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари).
Дардан Дехари (алпско скијање) - ќе настапи слалом/велеслалом (13 и 16 февруари).
Организаторите ја претставија и маскотата, а тоа е популарната мечка панда, чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.
Introducing the #Beijing2022 Olympic mascot...#BingDwenDwen
— Olympics (@Olympics) February 4, 2022
✅Suit of ice.
✅Heart of gold.
✅Loves winter sports.
#StrongerTogether | #OpeningCeremony pic.twitter.com/Bfv8k7joXq