Руско чудо од дете со 15 години направи невидени потези за олимписко злато

Петнаесет годишната Камила Валиева од рускиот град Казањ е најмлад член во руската олимписка делегација, но во неа Русите полагаа најголема надеж. Таа го импресионираше светот уште на својот прв настап на Зимските Олимписки Игри кога го направи првиот четирискок во историјата на едни Олимписки игри и тоа на два пати (1.440 степени). Русите на крајот славеа со 178,92 освоени бода пред САД и Јапонија.

Валиева е европски шампион од Европско 2022 година, шампион од првенството Ростелеком Куп, шампион на Меѓународниот турнир во Канада 2021, државен првак на Русија за 2022 и сега златен медал во тимскиот настап на Зимски Олимписки Игри 2022 во Пекинг.

7 февруари 2022 - 14:20