Разно

Лукас Подолски се враќа во Келн - ама ќе игра хокеј

Најголемиот локал патриот меѓу германските фудбалери, Лукас Подолски му се враќа активно на спортот, само што сега некогашниот прославен фудбалер ќе игра хокеј.

Во Австралија изгледа веќе нема вирус, се собраа рекордни 49.000 гледачи на стадион

Коронавирусот и натаму не ја пушта планетата нормално да живее, но постојат земји каде луѓето лека-полека се враќаат кон нормалниот живот (или бар се обидуваат). Рекордна посетеност во време на пандемија во Австралија.

Неприкосновените шампионки во синхронизирано пливање

Марија Шурочкина и Влада Чигирева се руски пливачки кои доминираат во синхонизирано пливање. Тие се 11 кратни светски прваци, како и освојувачи на златен медал на Олимписките игри во Рио 2016. Видеото има една маана. Трае само 40 секунди, а се шампионки и на суво.

Од каде потекна тоа спортистите да ги гризат освоените медали?

Спортистите тврдат дека тоа не го прават самоиницијативно, туку дека им сугерираат фотографите за кадарот да биде овековечен и поинтересен.Ама некои кршеле заби од медалите.

Кога Надал учествуваше во спот на Шакира, а Ѓоковиќ правеше пародија

Пред 10 години, Рафаел Надал ја одигра можеби најдобрата сезона во кариерата. Стана првиот тенисер во историјата кој освоил Гренд Слем на три различни подлоги во една календарска година. На почетокот на оваа година учестуваше во спот за големиот хит на Шакира.

Топол поздрав на Новак до малиот Петар од Македонија

Светскиот рекет број 1 го бива за шампионски потези и кога не држи рекет в раце. На Петар од Македонија кој е негов навивач и кој има аутизам, срцето му го исполни со само еден клип.

Хабиб го нападна Макрон, објавата ја лајкнаа Бекам, Бензема, Кимпембе и други

Неколку француски фудбалери би можеле да изгубат место во репрезентацијата поради лајкови на инстаграм. Пред сите стоперот и дете на ПСЖ Преснел Кимпембе и Јусеф Атал од Ница.

Тотално лудиот поен на Ѓоковиќ во Виена

Новак после 2 часа и 9 минути го победи Борна Чориќ во 2. коло на турнирот во Виена со 2:0 во сетови (7:6 (13:11) и 6:3). Светскиот рекет број 1 леташе по теренот на дуелот кој се играше пред публика во Австрија и 6-та година во кариерата ќе ја заврши на 1. место на светската листа.

Кога водителка треба да прочита Менхенгладбах

Не дека е лесно за водителка што првпат во живот го среќава клубот Борусија Менхенгдладбах и треба да го прочита во спортски вести, ама па што ако требаше да прочита за скијачки скокови во Гармиш-Партенкирхен.

Кога татко му на Хабиб го канеше Конор Мекгрегор во Дагестан

Големиот Хабиб Нурмагомедов во голем стил ја заврши кариерата, откако синоќа го совлада големиот ривал Џастин Геџби во Абу Даби. Хабиб веднаш откако го прогласија за победник, клекна на колена и се расплака за татко му Абдулманап Нурмагомедов кој неодамна почина на една клиника во Москва.

Големиот Хабиб ја одбрани титулата, се расплака за татко му и заврши кариера

Во најочекуваната борба во УФЦ годинава, Хабиб Нурмагомедов го совлада Американецот Џастин Гејџи и среде ринг објави дека ја завршува кариерата на барање на мајка му.

Тргни се од патот бе коњу еден

На прва изгледа смешно, ама си улетан по удолница, а еден од нив ти пресече пат, нема баш да биде тоа среќен крај.

Ѓоковиќ на деца им држеше тениски час на улица

Па богами не се гледа секој ден светскиот рекет број 1 да го шета кучето на улица, да му се соберат деца, а тој да застане и да дава совети за тоа како се држи рекет и слично. Му се посвети целосно на малиот, цар.

Не си играј со мене, ќе те седнам на газ

Португалците го викаат O Mágico и тој е единствениот футсал играч кој повеќе од четири пати е прогласен за најдобар во светот. Прво во 2010-та, а потоа пет години по ред 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018. Што повеќе правиме муабет?

Стопирај играта, падна шишето на Надал

За тие што подетално ја следат кариерата на Надал ќе забележат дека осојувачот на 20 Гренд слемови има ритуали, како на пример редење на шишињата на пауза кои мора да бидат свртени со етикетите према терен.

Кога златниот медал заврши кај камерманот

Стара, ама добра реклама за спортскиот пијалак Powerade на компанијата Кока Кола.

Преводот знае да биде зезната работа ако преведувачот е глуп

Милош Раониќ го победи Џеј-Џеј Волф со 7-6, 6:1 и се пласираше во 2. коло на турнирот во Санкт Петербург, а интересен момент имаше на конференцијата за новинари.

17 годишен скопјанец направи 2.604 склекови за 1 час

Давид Ѓоргоќески тренира бокс во боксерскиот клуб „Универзалци“ од Скопје и успеа да урне балкански рекорд со направени 2.604 склекови за 60 минути, со паузи се разбира. Следен предизвик му е гинисовиот рекорд од 2.919 склекови. Што дете ќе беше. Тело малтер.

Анализа на Борис Бекер за разликите меѓу Надал и Федерер

Германската тениска легенда дава оценки за секој аспект од играта на двајцата монструми кои од 2003-та до сега освоија заедно 40 од вкупно 69 Гренд Слем титули. Толку е тесно што му излезе 85:84 за Роџер.

Зошто великанот Рони О’Саливен играше со лакирани нокти?

Најдобриот снукер играч во историјата, синоќа на Отвореното првенство на Англија играше со лакирани нокти во розева боја. Изјави дека го направил тоа во знак на поддршка на кампањата за борба против рак на дојките кај жените.

Најлудите 31 поен на земја во историјата на дуелите Надал - Ѓоковиќ

Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.

Кралот се врати

Во финалето на Ролан Гарос, неверојатниот Рафаел Надал во три сета убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:2 и 7:5) и го освои 20-от Гренд Слем во кариерата со што се израмни со Роџер Федерер.

Во УФЦ првпат е виден таков нокаут

Жоакин Бакли на невозможен начин го победи ривалот Импа Касангај во втората рунда од турнирот на УФЦ и својата дебитантска победа во шампионатот ќе ја памети по луд нокаут.

Бидна и тоа, натераа ракометари да играат со маски, играше и наш репрезентативец

И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.