Ролан Гарос е еден од најубавите тениски турнири затоа што секоја година инспирира нови приказни со тенисери и тенисерки за кои светот до тој момент не слушнал. Во една таква бајка живее Аргентинката со украинско потекло.
На генерално ниво од финалната етапа, за освоеното 2-10 место следуваа поени за подароци од СЛ маркетот, а за сите останати финалисти Sport Life обезбеди подарок вредносни ваучери за игра.
Велосипедистичките трки на отворено, освен преубави предели, нудат и неочекувани моменти. Како на пример оваа трка во Јужна Африка каде на патеката на трката кај Кејп Поинт им улетува ној и се трка со нив.
На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.
Оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место.
Тениската среда почна со неколку „бомби“: Прво Ник Кирјос го нарекол Хачанов глуп пеликан, Серена Вилијамс се повлече поради повреда, а на мечот од 2. коло меѓу Стен Вавринка и Доминик Кепфер се слушна страшен звук во далечина.
Како тоа 24 часа? Епа вака: 20 пати се качил од средно до врв и поминал 84 километри на Водно СО ТРЧАЊЕ и со тоа искачил 9600 метри висинска разлика. Јасно?
Прекар му е “El peque“ или што би се рекло “Shorty“, но кога ќе ја прочитате неговата сторија ќе сфатите дека висината му е последната пречка за да стане професионален тенисер кој во четвртфиналето во Рим го елиминираше Надал. Неговиот пат има длабоко минато кое почнува од прадедо му кој за влакно не завршил во логор.
По лавината критики кои ги доби за ненамерниот удар со топче врз судијата, најдобриот тенисер во светот им се врати на трофеите на најдобар можен начин. Стана рекордер по број на Мастерс титули, примат кој го делеше со Надал. Рим го освојува по петти пат во кариерата.
Во последните неколку години Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше дека сака да испише историја и да ја заврши кариерата како најтрофеен тенисер. Главна цел му е рекорд по број на титули на Гренд Слем и по број на недели по ред како прв на ранг листата.
Блејк Коулмен е еден од подобрите играчи на Тампа Беј Лајтенинг во најдобрата хокеарска лига на светот НХЛ каде како и во НБА, деновиве се игра завршница на плејофот за титула.
Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.
Австрискиот тенисер Доминик Тим, предводник на новата генерација тенисери во неверојатно финале успеа да го совлада Александар Зверев и да го крене својот прв пехар на Гренд Слем во кариерата.
Страстите околу дисквалификацијата на Ѓоковиќ уште не стивнуваат во тенискиот свет. Сега таа одлука на организаторите на УС Опен ја прокоментира и Хит Џејмисон, на времето дете коа Роџер Федерер со сета сила го погоди во тек на еден меч.
Навивајте си вие едни за Ѓоковиќ, други за Федерер и за кој друг сакате, ама не може да не учите што и како треба да објавуваме, кога некои од вас уште на цивилизирана дебата не се научија. Како вика Марјанчо, знаеш како? Пиши од почеток.
Навид Афкари е државен шампион на Иран во грчко-римски стил, во борење. Има 27 години а властите во неговата земја го осудиле на смртна казна него и неговите браќа само поради учество во протест против властите.
Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен, одлука која според многумина е престрога, бидејќи светскиот рекет број 1 без намера ја погоди судијката со топче. Тие што се на негова страна потсетија на еден момент кога Швајцарецот исто така без намера, го погоди детето кое собира топчиња и сето тоа помина на шега без никаква казна. Се случи на Австралија опен пред повеќе од 10 години.
Најдобриот светски рекет е дисквалификуван во 1/8 финалето на УС Опен на мечот против Шпанецот Пабло Карењо-Буста, откако со едно топче ја погоди линиската судијка во врат, а таа падна и почна да се гуши па Новак притрча да ѝ пружи помош ама организаторите набрзо го дисквалификуваа.
Марк Сертич, најстариот хокеар официјално регистриран во Гинисовата Книга на рекорди, починал минатиот понеделник од мозочен удар на 99-годишна возраст.
Познатата француска тенисерка Кристина Младеновиќ, 44-та на светската ВТА ранг листа синоќа на УС Опен играше против 20-годишната анонимна тенисерка од Русија Варвара Грачева. Првиот сет Младеновиќ го добива со 6-1, во вториот води 5-1 и при 5-2 има четири меч топки на 0:40. Грачева успева да направи неколку брејка, да израмни во тај брејк и во третиот сет да ја потопи Кристина Младеновиќ со 6-0.
Колку што знае да биде забавен, толку знае и да биде заебан. Новак го мина лесно Дамир Џумхур во првото коло од УС Опен, а во еден момент го истури бесот кон некој од својот стручен штаб, викајќи „Кажи му да седне“.