Новак Ѓоковиќ може да загуби до 50 милиони долари после сè што му се случи во Австралија. Пресметката е на магазинот People with Money.
Србинот е најплатен тенисер во светот кој само во 2021-ва има заработено 96 милиони долари. Тоа се пари од премиите на турнирите, но многу повеќе од спонзорските договори.
Република пишува дека приходите може драстично да му се намалат поради неговите ставови за вакцината во време на пандемија која не завршува ниту по две години.
Зад не го стојат брендови како Lacoste, Asics, Head, Peugeot, Ublot, Ukg Raffeisen, Unicef...
„Со своите екстремни позиции, поддржани и со изјавите на родителите и неговиот тим, српскиот тенисер се позиционира во една „црна зона“ за секој што го ангажира или можеби ќе посака во иднина да го ангажира преку него да го рекламира сопствениот бренд.
Меѓу другото, Ѓоковиќ сега има 34 години и се наоѓа во фаза кога тениската кариера обично почнува да опаѓа. Тој не е Кејт Мос која по скандалот со кокаин, беше напуштена од нејзиниот спонзор, но веднаш побарана од други брендови. Затоа што тоа е светот на модата, кој понекогаш наградува добри, но и штетни работи кои можат да функционираат.
Тука сепак тенисерот наиде на многу поспецифична тема, онаа на пандемијата, која го чинеше човештвото милиони жртви и која сè уште ги мачи сите земји“, вели Стела Ромањоли, извршен директор на IAA (Меѓународната асоцијација за рекламирање).
Телеграф пак пишува дека најдобриот тенисер во светот и да настапи на Австралија опен ризикува да загуби од спонзорите околу 22 милиони фунти.
Според Wealthy Gorilla, Новак Ѓоковиќ тежи 220 милиони долари, сума која ја заработил најмногу од тенисот и тој е тенисер со најголема заработка од турнири.