Новак Ѓоковиќ најде начин како да им се обрати на своите поддржувачки од притворот каде се наоѓа со 46 бегалци.
Им пушти гласовна порака која за да ја чујат сите беше пренесена на разглас.
„Мене срцето ми заигра. Се надевам дека и на вас. Црквата нека ви биде мирно место за наоѓање мир и слобода. Црквата нека ви биде водич. Најчистите емоции, а тоа е љубовта, ќе го спасат светот. Ви благодарам многу, изјави Новак Ѓоковиќ.
Novak #Djokovic se oglasio porukom iz hotela pic.twitter.com/k47b3A62fu
— Aleksandar Ilić (@aleks89ilic) January 9, 2022
Инаку федералниот суд го одби барањето на австралиската влада сослушувањето на Новак Ѓоковиќ да се одложи за два дена, а со тоа им се остава можност на организаторите на Австралија опен да го вклучат во ждрепката.
Ѓоковиќ доби медицинско изземање од вакцинирањето против Ковид 19 за да може да игра на турнирот, но по пристигнувањето во Мелбурн, визата му беше одбиена поради процедурална грешка.
Неговите адвокати вчера открија дека тој добил изземање врз основа на позитивниот тест за коронавирус од 16 декември. Следниот ден, тој на свеченост во Белград им ги врачил пехарите на најдобрите млади српски тенисери.
Адвокатите на Ѓоковиќ ќе имаат два часа на располагање да го претстават случајот на утрешното сослушување.