Иранец ни крив ни должен седи затворен 9 години во истиот центар каде бил и Ѓоковиќ

Случајот на Новак Ѓоковиќ кој веќе неколку дена е главна тема во сите светски медиуми фрла светло на бегалците кои се исто затворени во имиграцискиот центар со години. Се огласи еден Иранец кој побара од Новак да зборува јавно за нив.

Еден од бегалците кој на 22 јули 2013-та година со брод дошол во Австралија од Иран, Мехди Али, се надева дека бурата која настана со визата на Новак Ѓоковиќ ќе помогне да се слушне и гласот на оние кои со години чмаат во Карлтонс Хотел Парк во Мелбурн.

24-годишниот Мехди Али затворен во имиграцискиот центар седи цели девет години. Тој на Твитер зборува за неговиот живот во собата и апсурдноста да се биде затворен девет години без да се има никаков повод за тоа. Али не е престапник и не направил никакво кривично дело.

Во интервју за The Project, младиот Иранец му се обраќа на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ: „Минуваш затворен краток временски период. И знаеш како е да се гледаат луѓето кои имаат живот преку прозор а ти немаш ни прозор. Кажете му (на Новак) да зборува за нас... Колку сурово е да се држат луѓе затворени во соби на неодредено време“.

Во еден свој твит, Али вели:

„Колку е жално што многу новинари ме контактираа вчера да ме прашаат за Ѓоковиќ. Јас сум во кафез 9 години, денес полнам 24 години, а сите сакате да зборувате со мене само за тоа (за Ѓокови). Се првите дека се грижите со тоа што ме прашувате како сум и после веднаш почнувате да ме прашувате за Ѓоковиќ. Не ми треба добра храна, ниту храна без црви. Тоа што ми треба е шанса да ја уживам младоста како слободен човек, младост потрошена во затвор“.

Мехди вели дека единствен „криминал“ му е што побарал безбедност во Австралија.

„Отслужив повеќе време од силувачи, а никогаш не сум направил никакво кривично дело во целиот мој живот. Мој единствен „криминал“ е што побарав сигурност во оваа земја. Убиец можеби досега ќе беше надвор на слобода“.

10 јануари 2022 - 16:03