Се огласи Новак по одлуката на судот

Со смирен тон, без голема врева, светскиот тенисер број 1 се огласи и соопшти дека е разочаран од тоа што му е ускратена можноста да се бори за пехарот на Отвореното првенство на Австралија.

„Би сакал да дадам кратка изјава со која би ги заокружил случувањата во судот денес. Ќе земам малку време со цел да се одморам и да соберам енергија, пред да дадам некој понатамошен коментар околу се ова.

Исклучително сум разочаран од одлукта на судот да го одбие моето барање за судско разгледување на одлуката на министерот да ја откаже мојата виза, што значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралијан Опен. Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со релевантните власти во однос на мојата депортација од земјата.

Не ми е пријатно што фокусот изминатите недели беше на мене и се надевам само дека сите сега ќе се сконцентрираат на играта и турнирот кој го сакам.

Би сакал да им посакам на играчите, на официјалните лица на турнирот, волонтерите и навивачите се најдобро на турнирот. Секако, благодарност до моето семејство, пријателите, тимот, навивачите, моите драги Срби за сталната поддршка. Сите вие бевте голем извор на сила за мене“, констатираше светскиот рекет број 1 по судската одлука да му биде забранет престој во Австралија и решението за депортација. 

Крај на сагата - Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

 

16 јануари 2022 - 08:47