Според австралиските закони за имиграција, Ѓоковиќ не може да добие нова виза во наредните три години, а тоа го потврди и министерката за внатрешни работи, Карен Ендрјуз.
Тоа значи автоматска забрана за настап на турнирот каде царува со 9 гренд слем титули.
„Укинувањето на визата ја потврди федералниот суд, така да врз база на таа одлука, на Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во следните три години“, рече утрово Ендрјуз.
Премиерот Скот Морисон пак изјави дека тој може и порано да влезе во Австралија, но тоа е хипотетички. Секое барање за виза се разгледува поединечно и тоа ќе зависи од документацијата во тогашните околности.
„Забраната важи за период од три години, но постои можност за него да се врати и тоа би се анализирало во тој момент под вистинските околности“.
Сагата заврши вчера по 11 дена килавење за визата.
"The three-year ban does apply, but it can be dealt with at some stage in the future"
— Sunrise (@sunriseon7) January 16, 2022
Home Affairs Minister @KarenAndrewsMP on rules meaning deported tennis star Novak Djokovic can't return to Australia until 2025. pic.twitter.com/Hzii6Vqltq