После десет дневна драма околу визата, престојот и неучеството на Новак Ѓоковиќ (34) на неговиот омилен турнир каде е апсолутен рекордер со 9 освоени титули, конечно ќе се зборува само она за што се игра турнирот Австралија Опен - тенисот.
Ѓоковиќ мора да плати парична казна и добива забрана за влез во Австралија
Без Новак Ѓоковиќ главни претенденти за титулата се Русинот Даниил Медведев, Рафа Надал, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљев, Матео Беретини...
Од големата тројка тука е само Шпанецот Надал (35) кој со 4.875 поени е на 6. место на АТП ранг листата.
Во случај да ја освои титулата, Русинот Медведев ќе стане првиот светски рекет број 1, ќе го преземе престолот од Ѓоковиќ кој господари со ранг листата цела вечност.
Притоа Медведев ако стане шампион ќе стане единствениот тенисер во Отворената ера кој првите два Гренд Слема во кариерата ги освоил на два турнири по ред.
Рафа Надал ќе игра за апсолутниот рекорд на освоени Гренд Слем турнири. Во моментов тој, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20.
Кај женскиот дел од турнирот, како и секогаш, така и сега е сосема непредвидливо, но главни претедентки се тенисерките од Топ-4: Ешли Барти (Австралија), Арина Забаленка (Белорусија), Гарбиње Мугуруза (Шпанија), Барбора Крејчикова (Чешка) Не треба да се заборави ниту Анастасија Пављученкова од Русија.