Ѓоковиќ со мнозинско учество во данска фирма која развива лек, не вакцина против Ковид

Иван Лончаревиќ, извршен директор на QuantBioRes открил дека светскиот рекет број 1 во јуни 2020-та пројавил интерес и набрзо купил 80% од акциите на данската фармацевтска компанија во која десетина научни истражувачи развиваат лек во борбата против вирусот Ковид-19.

QuantBioRes кој работи во секторот на био-технологии развива лек против Ковид, а не вакцина, појаснил Лончаревиќ, а пренесува Ројтерс. На целиот проект работат 11 истражувачи од Данска, Австралија и Словенија.

Лончаревиќ одбил да каже за колкав износ српскиот тенисер станал мнозински сопственик на компанијата QuantBioResa.

Нивниот лек се темели на пептид кој му брани на коронавирусот да се настани во човековите клетки, а клиничките тестови во Велика Британија би требале да започнат претстојното лето.

Портпаролот на Ѓоковиќ одбил за Ројтерс да ја прокоментира оваа инвестиција на Новак. 

Според данскиот регистер на компании, Ѓоковиќ со 40,8% и неговата сопруга Јелена со 39,2% од акциите учествуваат во работењето на оваа компанија.

Форбс го стави Србинот на листата од топ-50 најплатени спортисти за 2021 година. 

Самиот тенисер на почетокот на 2022-ра година беше во фокусот на вниманието на светската јавност која предизвика глобална дебата за човековите права откако тој проба да влезе во Австралија иако не е вакциниран против вирусот. Австралиските власти му ја одбија визата и го депортираа од земјата.

19 јануари 2022 - 20:25