Со 214 гласа за, 93 против и 27 воздржани, контроверзниот закон бил изгласан во францускиот парламент. Поборниците на оваа промена велат дека таа само „ќе ги засили алатките за управување на здравствената криза“.
Според членот 1 од новиот закон кој сè уште требал да се доработува пред Сенатот да го одобри, за секакви активности на затворено и отворено, влез во ресторани, кафулиња, саеми, семинари, музеи и други настани, како и за користење јавен превоз за патување низ Франција (авиони, возови, автобуси), луѓето од 16 години па нагоре, ќе мора да покажат вакцинален пас со кој ќе го докажат нивниот вакцинален статус, дека се вакцинирани.
Ќе има исклучок во правилото за превоз, за луѓето кои поради „семејни или здравствени причини“, погреби, мораат да патуваат, тие ќе бидат изземени од вакциналниот пасош но претходно ќе мора да прикажат негативен тест, освен во краен случај на итност.
За поседување лажен пас, казната ќе биде пет години затвор плус парична казна од 75.000 евра.
Досегашната пракса да се докаже комплетирана вакцинација, негативен тест или прележаност, ќе остане на сила за младите на 12 години и помлади.
Малолетниците од 12 до 15 години исто ќе мора да го прикажат досегашниот passe sanitaire за практикување физички активности, влез во ресторани, барови, саеми како и користење јавен превоз.
Неколку синдикални здруженија во Франција веќе жестоко се побуниле за предложениот и изгласан закон и велат дека тој ќе им нанесе несогледиви штети на француското земјоделство и стопанство, и со тоа се наметнуваат нови ограничувања на вработените во јавниот сектор, посебно во сообраќајот, културата, забавата, угостителството.
ЃОКОВИЌ НАЈВЕРОЈАТНО ВО МАЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИГРА НА РОЛАН ГАРОС АКО НЕШТО ВО МЕЃУВРЕМЕ НЕ СЕ СМЕНИ
Српскиот тенисер, како и околу 3% невакцинирани од првите 100 тенисери на АТП ранг листата, после Мелбурн, сега би можеле да го пропуштат и Отвореното првенство на Франција. Не изгледаше така, но...
Иако на 7 јануари во екот на циркузот кој се случуваше во Мелбурн, француската министерска за спорт Роксана Марсинеану отворено кажа дека невакцинирани тенисери ќе можат со посебна дозвола да учествуваат на Ролан Гарос кој е предвиден за месец мај и дека во договор со организаторите се спрема тн. „затворен меур“ по примерот на НБА, сега од Франција сменија плоча.
На француските спортски клубови им беше даден избор: или да докажат дека сите нивни играчи и стручен штаб се целосно вакцинирани или да играат зад затворени врати.
„Вакциналната пропусница е усвоена. Штом законот биде изгласан и потпишан, ќе стане задолжителен (пасот) за влез во јавни институции кои ќе подлежат на оваа здравствена пропусница (стадион, театар, салон) за сите гледачи, натпреварувчи, членови на штабот, француски или странски државјани“, напиша министерката за спорт на Франција која има романско потекло, Роксана Марсинеану.
Merci au mouvement sportif pour le travail de conviction auprès des derniers rares non vaccinés. Nous travaillerons ensemble à préserver les compétitions et à se faire les ambassadeurs de ces mesures au niveau international 2/2
— Roxana Maracineanu (@RoxaMaracineanu) January 16, 2022
Во продолжение на твитот, таа додаде:
„Благодарност на спортското движење за осудата на ретките преостанати невакцинирани. Заеднички ќе работиме на сочувување на конкуренцијата и да бидеме амбасадори на овие мерки на меѓународно ниво“.
Во гостување на француската BFMTV, пратеникот Кристоф Кастане од партијата LaREM чиј основач е францускиот претседател Емануел Макрон остро се спротивставил на можното доаѓање на Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Франција (16 мај - 5 јуни) ако е невакциниран.
Pass vaccinal: pour Christophe Castaner (@CCastaner), "pas question" de déroger à la règle pour les grands sportifs pic.twitter.com/QeqqSlhHit
— BFMTV (@BFMTV) January 17, 2022
Досега пред Ѓоковиќ, неколку тенисери пропуштија турнири поради тоа што немале потврда за вакцинација: Американецот Тенис Сандгрен кој беше најгласен во одбрана на српскиот тенисер деновиве, како и Французинот Пјер Ербер.
Токму францускиот претседател Макрон беше прв кој доли масло на оганот кога во изјава за францускиот печат пред неколку недели изјави дека ќе донесе стратегија која самиот ја дефинира како „pissing off“ за невакцинирани. Тој рекол дека само „мало малцинство“ и натаму е непослушно и дека неговата Влада ќе изврши поголем притисок да им го ограничи животот на тие луѓе во обид да ги натера да прифатат вакцинација.
Сенатот ќе ја почне расправата за нацртот следниот вторник, а владата се надева дека ќе го усвои што е можно поскоро.