Естер Ледецка полека израснува во кралица на зимските спортови. Оваа млада сноубордистка од Чешка пред четири години во Пјонгјанг беше прва и го освои златото на ЗОИ во велеслалом во алпско скијање (super-G) а освои златен медал и во паралел велеслалом во сноуборд како и сега во Кина.
Таа е прва во историјата која со различна опрема (скии и сноуборд) ги освоила најсјајните одличја на Зимски Олимписки Игри.
¡Dispuesta a seguir haciendo historia! 🔥
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) February 8, 2022
Ester Ledecka gana el 🥇 en el eslalon gigante de snowboard y sueña con hacer un nuevo doblete ✅❓#Beijing2022 pic.twitter.com/aScx326WQm
Среброто го освои Даниела Улбинг, а бронза освои Глорија Котник која беше поуспешна од Микеле Декер од Холанија која ја промаши капијата.
Во машкиот дел, Бенјамин Карл од Австрија на крајот успеа да го освои златото во дуел со Словенецот Тим Мастнак кој изгуби концетрација во самиот финиш и на крајот се задоволи со сребрен медал. Русинот Вик Вајлд кој е од САД ама има руско државјанство уште од 2012-та и освои злато на ЗОИ 2014 во Сочи, сега дојде до бронзен медал.
Словенците стигнаа и до петта медала на Зимските Олимписки Игри. Тие досега имаат 2 златни медали (Урша Богатај во Normal Hill Individual и во мешан тим) 1 сребро (Тим Мастнак во Parallel Giant Slalom) и 2 бронзи (Ника Крижнар во Women's Normal Hill Individual и Глорија Котник во Women's Parallel Giant Slalom).