Медведев ја закачна публиката со одговор поврзан со Новак Ѓоковиќ

После скоро пет часа и пет напорни сета, Русинот Данил Медведев успеа после голем пресврт од 0:2 да го совлада 21-годишниот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим. Русинот спаси и една меч топка и на крај славеше 3:2. Се пласираше во полуфинале а после мечот даде необична изјава.

На прашањето на Џим Курие на сред терен, што чувствувал на меч-топката, Данил Медведев вели:

„Феликс сервираше неверојатно, играше и сервираше одлично. Не знаев што да правам. Не знам дали ќе и се допадне на публиката ова што ќе го кажам, но се запрашав себеси во тој момент: „Што би направил Новак во овој момент“?, кажа Русинот и предизвика различни реакции на трибините, во прв ред свирежи и викотници.

Медведев до судијата: Колку треба да си глуп да ми го пушташ Феликс на видео бим? Идиот

Го имаме најдобриот поен на Австралија Опен

26 јануари 2022 - 15:47