Разно

Македонецот Андоновски доминира со Америка, се спрема за олимписко злато

Женската фудбалска репрезентација на Америка, актуелен светски шампион, е предводена од нашиот стратег Влатко Андоновски кој ја продолжи доминацијата на САД.

Новак Ѓоковиќ е суверен владетел на Австралија Опен

Најдобриот светски тенисер и број 1 на АТП ранг листата, го совлада четвртиот носител Данил Медведев со 3:0 (7:5, 6:2 и 6:2 во сетови) и по деветти пат во кариерата стана шампион на Австралија Опен.

Русинот кој направи чудо на АО и за 1 недела заработил повеќе отколку за 10 години

Најголема сензација на овогодинешниот Австралија Опен 2021 е еден 27-годишен тенисер од Русија за кого ретко кој слушнал пред неколку недели. Главна вест е од Мелбурн.

Ѓоковиќ во нервоза го искрши рекетот

Светскиот рекет број 1 последните неколку дена на Австралија Опен влече повреди кои го спречуваат да го игра најдобриот тенис. Попладнево после 3 ипол часа макотрпна игра со 3-1 во сетови го совлада Александар Зверев и ќе игра во полуфинале. Во еден момент од третиот сет Ѓоковиќ го пеплоса рекетот.

Вооружен грабеж пред стадион во Еквадор

Додека правел репортажа кај стадионот „Монументал Исидро Ромеро Карбо“ во Еквадор, новинарот на DirecTV Диего Ординола и камерманот кој го снимал биле ограбени од вооружен крадец кој им ги земал мобилните телефони. А викаат само хулиганите биле проблем на стадиони.

Приказна за еврејски боксер кој имал 208 меча и боксувал со германски официри во Аушвиц

Малку е позната историјата на Саламо Арух кој го поминал пеколот Аушвиц и само благодарение на дарбата за бокс успеал да спаси жива глава.

Ноле урлаше цел Мелбурн да го разбере

Светскиот рекет број 1 води со 2-0 во сетови против Американецот Фритц (7:6, 6:4) и е на прагот на пласман во следна рунда. Од непознати причини во еден момент за време на една пауза урлаше како никогаш досега, најверојатно по член од неговиот тим.

АМС се корегираше, Ивановски ќе добие пет пати поголема помош

Македонскиот атлетичар кој држи два државни рекорди го крена гласот за ваучерот кој го доби од Агенцијата за млади и спорт по што веднаш следуваше реакција и зголемување на сумата.

Жена го нападна Рафа Надал, па ја исфрлија од Австралија Опен

Шпанскиот великан експресно со 6:1, 6:4, 6:2 го совлада Американецот Емох и се пласираше во 3. рунда од Австралија Опен. Ама мечот накратко го прекина една жена која од трибините прво му викнала на Рафа: 'Hurry up, you OCD fuck' додека Надал вообичаено бавно се спремал да сервира.

Италијански тенисери се скараа на сред терен во Австралија

Фабио Фоњини и Салваторе Карузо, двајца италијански тенисери и репрезентативци на оваа земја, одиграа супер дуел на Австралија Опен кој го доби Фоњини после дури 5 сета (3-2). На крајот Фоњини кој секогаш е избувлив, му рекол на Карузо дека имал неверојатна среќа со поените од мрежа, а ниеднаш не подигнал рака да се извини.

Само картата до Кенија ме кошташе 90.000, а државата ми дава 38.000 денари

Агенцијата за млади и спорт го објави списокот со ваучери за 2021-ва кои служат за финансирање на македонскиот спорт, а прв со реакција се јави Дарио Ивановски кој како државен првак во две дисциплини доби скоро 10 пати помала помош од првиот на листата.

Тајсон и Холифилд ќе боксуваат по трет пат, арапски шеици даваат 200 милиони фунти

Пријателот на Мајк Тајсон, Зеб Џуда соопшти дека преговорите меѓу двата тима на поранешните светски шампиони траеле неколку месеци и дека конечно е потпишан договор за меч.

Битно се проби дечкото

Ни стаса краљот на денот. Сам се повреди и сам се пријави на Инстаграм, а можеше само да го сочува или подобро избрише видеото и никој да не дознае за неговиот несреќен скок во тврда вода. Се вика Мераб Двалишвили и е УФЦ борач. Да погледнеме:

Првиот човек на Токио 2020: Предолги ни се состаноците, жените многу зборуваат

Претседателот на Организацискиот комитет за ОИ во Токио, Јоширо Мори е под притисок да си поднесе оставка за изјава за која го искарале дома жена му, ќерка му и внука му.

Аеробик во Мјанмар додека траел воен удар

Учителка по фискултура од Мјанмар, извесна Кинг Хнин Вај снимала видеo со инструкции за вежбање аеробик, сосема несвесна дека во позадина се случува историски пуч со тенкови, камиони, хаубици...

Крајот го краси делото

На еден полу-маратон во Барбадос, Канаѓанките Наташа Водак и Лани Марчант почнаа да слават пред финишот, ама Тоња Неро од Тринидад и Тобаго ги научи една животна лекција.

Го имаме волејот на годината во футсал

Белгија vs Финска. Тргнете се подобро, бидејќи ако ве удрам ќе боли ова.

Мечка на велеслалом

Додека трае Светскиот Куп во скијање во Кицбил и Шладминг, во зимскиот центар Предеал во Романија, скијачите од ски-лифтови забележале како една мечка трча агресивно кон еден скијач. Пробуваат со свирежи и викотници да ѝ го одвлечат вниманието, а дечкото на крај се спасил така што го фрлил ранецот по кој тргнала „мецана“.

До 50 шанси за 100 000 денари

Aкција на Спорт лајф за тикет со најмногу погодени натпревари!

Ник Кирјос го загуби приматот на најлуд тенисер

Пред стартот на Австралија Опен, тенисерите мора да издржат карантин од две недели, а тоа значи нема мрдање од соба. Епа Пабло Куевас од Уругвај, инаку 70-ти на АТП, не го издржа карантинот и сам себе се прогласи за мртов.

Поирие го патосираше гласниот Конор Мекгрегор

Америкенецот Дастин Поирие (32) со нокаут го победи Конор Мекгрегор на уште еден супер УФЦ 257 настан и сега се поставува прашањето може ли да тргне по шампионскиот појас и дуел со Хабиб.

Драматичен пад на спуст со брзина од 146 км на час

Швајцарскиот скијач Урс Круенбухл ги исплаши сите на патеката во Кицбил откако опасно се струполи на земја и потоа не мрдаше.

На Путин во подземниот бункер му направиле огромен терен за хокеј на мраз

Во Русија деновиве актуелна е темата која што ја потегнал опозицискиот лидер Алексеј Навални кој зборувал за раскошниот таен дворец на претседателот Владимир Владимирович Путин кој важи за голем љубител на хокеј.

Потегот број 1 во одбојкарските квалификации е на капитенот на Македонија

Европската одбојкарска федерација стокми топ 5 листа на најдобри потези од квалификацискиот турнир за ЕП кој се одигра во Скопје. Два се дело на Никола Ѓоргиев од кој едниот е прво место.