Камила Валиева доби зелено светло за настап на Зимските олимписки игри, откако руската антидопинг агенција и ја укина суспензијата.
Меѓународната агенција за тестирање соопштува дека руската тинејџерка поднела жалба до Судот за спортска арбитража, кој треба да го има последниот збор за случајот.
„Валиева поднесе жалба на привремената суспензија од 9 февруари. Руската анти допинг агенција (РУСАДА), реши да ја укине суспензијата и да и дозволи да се натпреварува. Причината за оваа одлука ќе биде соопштена во најкус можен рок“, се вели во соопштението на Меѓународната агенција за тестирање.
Инаку 15 годишната Русинка влезе во историјата на Олимписките игри како прва лизгачка која успеа да изведе четирискок и тоа на два пати.
Но успехот за сега и се девалвира откако излезе позитивна на допинг тестот.
Објаснувањата се дека користела триметаздин, супстанца која Светската допинг агенција не ја дозволува.
Руската тинејџерка сè уште го нема добиено златниот медал од импресивниот настап, а најавите од МОК се дека така ќе биде се додека аферата не добие разрешница во Стразбур.
Следниот настап и е во индивидуално лизгање на 15 февруари.