Кошмарни денови за руската хероина на мраз, не ѝ даваат златен медал поради наводен допинг

Главна и ударна вест од Пекинг е дека најголемиот хит на Зимските Олимписки Игри, европската шампионка во 2022, 15-годишната Камила Валиева имала проблем со канцеларијата за анти-допинг тест. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веќе два дена не се огласува и не одговара зошто на Валиева не ѝ е доделен златен медал.

Веста за некаков проблем во руската селекција по уметничко лизгање прв ја соопшти еден британски новинар од порталот Inside the Games кој се занимава со Олимписките Игри.

Репрезентацијата на Русија во уметничко лизгање пред неколку дена го освои златото, САД беа втори а Јапонија трета. Церемонијата за доделување на медалите требаше да се одржи вчера но ја одложиле.

На 15-годишната Камила Валиева наводно во декември лани ѝ нашле мал концентрат на триматезидин на една од допинг-пробите пред Зимските Олимписки Игри.

Примерокот од нејзината крв бил земен по Европското првенство минатиот месец во Естонија, но резултатите се објавени дури сега. Таа имала присуство на триметаздин, кој, според Агенцијата за лекови на Европската унија, е лек кој се користи за лекување на ангина пекторис и за лекување на симптоми на вртоглавица. Можно е да го има во некои апчиња.

Руското чудо од дете со 15 години направи невидени потези за олимписко злато

Рускиот сајт „Чемпионат“ се повикува на извори од руската делегација во Пекинг и соопшти дека допинг пробата кај Валиева на тест уште во декември покажала микродоза на присуство на триметазидин, препарат кој се користи за лекување на кардиолошки проблеми и не влијае на подобрување на спортските резултати.

Светската анти-допинг агенција, како и прес-аташето на Федерацијата на уметничко лизгање на Русија Олга Ермолина сè уште немаат никаков коментар.

Спорт Експрес прво пишуваше дека Валиева нема да ја пуштат на следните натпревари и дека е можно да не и го доделат златниот медал, но подоцна ја демантирале веста ѝ се извиниле за непроверената информација.

Официјално соопштение од МОК се очекува денес во текот на денот.

Четирикратниот олимписки шампион во биатлон Александар Тихонов го прокоментирал целиот скандал на ЗОИ 2022 дека просто не може да се начуди како после големиот допинг скандал докажан за Олимписките Игри во Сочи, руските федерации се уште не внимаваат и сега може да и ја уништат кариерата на едно младо талентирано девојче.

Тихонов бурно ја критикувал пратеничката од руската Дума, Светлана Журова:

„Светлана Журова пак си допушта изјави од типот дека допинг тестот кај уметничката лизгачка Камила Валиева е политички.

Памтам како вие заедно со Карен Шахназаров зборувавте дека и допинг скандалот после Сочи е политички. Тогаш вината на Русија беше докажана на суд и сега настапуваме без знаме и химна.

На толку години седење во Думата (Собранието), подобро ти е да помислиш како функционира законот за допинг, за да он не ги тера на размислување и спортистите и тренерите и РУСАДА.

Колку години ја водите земјава а не носите закон кој би сработел? Колку казнени дела имаме за распространет дпинг? Ни едно. И тоа ли е политика Светлана?

Мене ми ѕвонат многу луѓе кои се смеат над тие изјави на нашите пратеници. Каква политичка игра ако е тоа наша сопствена неодговорност?

Повредувате и и кршите карира на толку талентирано девојче. Тој што и дал забранет препарат, треба да заврши во затвор. Подобро е Журова да се позанимава со плата на наставниците по физичко и детските тренеро во регионите каде родителите собираат пари за карти и патрони со цел децата да дојдат на натпреварување во биатлон, отколку да се занимава со политички популизам за скандалозни теми.

Русија сочинува само два посто од населението на Земјината топка но повеќе од 40% од светските рудни резерви.

Првиот човек на Федерацијата за уметничко лизгање во Санкт Петербург, Антон Сихарулидзе вели:

„Би сакал да им обрнам внимание на многу псевдоексперти, вклучувајќи ги и заслужните светски спортисти. Никој уште не располага со официјална информација. Сите коментари се базираат на бурна фантазија на коментаторите. Знам од прва рака колку е тешко да се спремаш за Олимписки Игри и да настапуваш на нив. На овие натпреварувања се натпреварувате не само за себе туку и за својата земја“, рекол Сихарулидзе.

10 февруари 2022 - 09:38