На последниот негов меч во кариерата, во Буенос Аирес против Федерико Делбонис изгуби 6-1, 6-3 но атмосферата што му ја приредија навивачите на трибините ќе се памети. Дел Потро се збогува со тенисот и оди во спортска пензија.
Olé, Olé, Olé, Olé
— Tennis TV (@TennisTV) February 9, 2022
Delpo, Delpo
💙 🇦🇷 @delpotrojuan pic.twitter.com/0A7SqoELJl
Во тенисот малку кој играч е сакан од сите. Еден од таквите е Хуан Мартин дел Потро.
Аргентинецот, со прекар „нежниот гигант“ во кариерата во пензија испрати неколку свои колеги како на пример Енди Родик и Марат Сафин, а сега и самиот полека ќе го закова тенискиот рекет на шајка.
За тоа зборуваше во солзи на прес конференцијата пред стартот на турнирот АТП Буенос Аирес. Плачеле и други присутни на пресот. Од причина што кариерата на Дел Потро и нејзиниот крај се една од најнеправедните приказни во современиот тенис.
ПОВРЕДИТЕ МУ ЗЕМАА 5 НАЈДОБРИ ГОДИНИ, ИМАЛ 8 ОПЕРАЦИИ
Кога Хуан Мартин дел Потро се појавил лани на трибините на УС Опен, некој од новинарите кои следат тенис на Твитер се пошегувал со луѓето кои од скоро го пратат овој спорт и прашал: „Кој е овој што сите толку му се радуваат“?
Помладите просто не знаат дека тоа просто мораше да биде најголемиот ривал на Федерер, Надал и Ѓоковиќ во нивната златна епоха.
Во првото коло од турнирот во Буенос Аирес, Дел Потро изгуби од Федерико Делбонис 1-6, 3-6. На крајот од мечот публиката со големи овации го поздрави големиот Делпо а после мечот ја закачи траката за глава на мрежата, трака по која беше препознатлив во поголем дел од кариерата, ја бакна мрежата и ја гушна мајка му (првпат дошла во живо да гледа негов меч).
Аргентинецот после мечот изјави дека би сакал да се потруди да одигра уште некој меч, но не верува во такво нешто и најверојатно нема да се враќа.
„Денес ставам точка. Сега ми треба да заборавам на коленото и просто да живеам. Оставам отворено око за тенисот зошто денешното искуство беше незаборавно. Ако ова ми беше последен меч, ќе заминам среќен.
Сега не сум сигурен дали ќе одам во Рио. Имав илузија дека можам да ги одиграм овие два турнири, зошто во Бразил ќе поминам низ истото низ што поминав денес. Утре ќе дискутираме се со тимот. Во секој случај тенисот за мене сега нема да биде главен проблем. И ако ова е крај, среќен сум што се заврши на терен а не на прес-конференција“, изјави Дел Потро и додаде како има неиздржливи болки во коленото.