Ана Цветановска го освои 95 место од 98 натпреварувачки во нордиско скијање на 10 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Делницата ја мина за време од 39:57.07 минути. Беше подобра од Аргентинката Гонзалез, Гркинката Тита и од Унгарката Пониа.
Златниот медал го освои Норвежанката Тересе Јохауг со време од 28:06.03 минути, која беше побрза само 4 стотинки од Керту Нисканен од Финска.
Претходно Цветановска требаше да настапи и на трката 7,5 + 7,5 км во скијатлон. Но поради пандемијата, организаторот реши да го намали бројот на ученици и нашата претставничка така отпадна.
Првиот македонски натпреварувач заврши на 86-та позиција во трката на 1,5 км, а за Дардан Дехари игрите завршија предвреме.