Како најмлад член на руската олимписка делегација, Камила Валиева го импресионираше светот уште на својот прв настап во Пекинг кога го направи првиот четирискок во историјата на едни Олимписки игри и во два наврати.
Но успехот и паѓа во вода откако допинг тестот и излегол позитивен. ЕСПН пишува дека користела лек за срце, кој е на листата на недозволени супстанци.
Лекот се вика триметаздин, кој спаѓа во категоријата „модулатори на хормони и метаболизам“ кој Светската допинг агенција не го дозволува.
Тоа е всушност лек кој се користи во за лекување на ангина пекторис и намалување на симптомите на вртоглавица, но ја зголемува и ефикасноста на протокот на крв и ја подобрува издржливоста, па затоа е и забранет.
Ваква супстанца користел и кинескиот пливач Сун Јанг, инаку олимписки првак кој во 2014-та се соочи со тримесечна суспензија.
Што се однесува до Камила, засега не е јасно дали поднела барање за изземање или има историја на срцеви заболувања, поради што го користела лекот.
Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната агенција за тестирање се уште се немаат огласено за овој скандал.