Разно

Започнува најмасовното светско првенство

Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.

Предвременото славје чини златен медал

Меган Ратлеџ си ја научи лекцијата дека славјето не треба да започне се додека не се помине низ целта на мото-крос трка.

Хуманата страна на Роџер Федерер

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но еден гест со девојка која се излечила од рак, докажува дека тој е еден од најхуманите спортисти и голем човек пред сè.

Пола рагби тим отиде на трудничко

Жените и спортот понекогаш тешко одат заедно особено во ваков случај кога ќе забремени речиси половина тим и ќе ги остави на цедило колешките кои не можат сами да постасаат со работа.

Цела Јамајка на допинг тест

Контролорите од Светската анти-допинг агенција упаднаа во кампот на Јамајка од Москва и им земаа примероци крв за анализа на сите членови на репрезентацијата.

Ултрамаратонецот кој бил страстен пушач ја истрча најжешката трка

Нема поголем подвиг од триумф на таканаречената „Најтешка човечка трка во светот". Овој ултрамаратон кој професионалците го трчаат за минимум 1 ден е долг 217 километри, но до целта се стигна преку „Долината на смртта", пустинска котлина со најголема суша каде летно време температурата достигнува до 50 степени.

Најмизерните спортски градови во САД

Спортската мизерија не е само поврзана со бројот на порази. Понекогаш тоа е и разочарувањето за навивачите откако еден тим бил на чекор до освојување на титула. Ова се најмизерните спортски градови во Америка.

Барселона и Реал Мадрид владеат на интернет

На листата на Топ 50 највредни спортски клубови според магазинот Форбс се наоѓаат 30 клубови од НФЛ, но сите тие заедно на Фејсбук и Твитер вкупно имаат помалку фанови од Барселона.

Пази камера!

Трчаш 21 килoметар по карпи и камења на една од најтешките трки на висина од 4.000 метри на планина во Малезија, за на крај да настадаш од - камера.

Го продава златниот медал за да си го спаси здравјето

Параолимписката шампионка Лиу Јукун одлучи да се прости од златниот медал кој го освои на Параолимписките игри во Барселона 1992 и парите да ги вложи за операција.

Роналдо е недостижен на Твитер

Ѕвездата на Реал Мадрид е најпопуларната спортска личност на Твитер со дури 20 милиони следбеници.

Тајната на најбрзиот човек на планетата

Љубителите на Атлетиката веќе ги одбројуваат деновите до стартот на Светското првенство кое е закажано за Москва на 10 август, а пред да ни покаже Болт дека повторно никој не може да го стигне додека трча, физичарите ни објаснуваат како го правел тоа до сега.

Хамилтон од Мерцедес најбрз во Унгарија

Луис Хамилтон конечно стигна до премиерна победа оваа сезона во Формула 1 откако ја преживеа "пеколната" трка на 50 степени на патеката Хунгароринг. За него ова е четврти триумф за Големата награда во Будимпешта и вкупно 22-ри во кариерата.

Олимписки шампиони ќе добијат медали со метеор

Најголемиот метеор во последните 105 години падна во Урал на 15 февруари 2013. На 15 февруари 2014 во Русија ќе бидат во тек Зимските Олимписки игри, па тој ден на шампионите ќе им бидат делени медали со парчиња метеор.

Загуби 2 милиони долари затоа што заборавил да тренира

Играчот на Сан Франциско од НЛФ лигата Тарел Браун не учествувал во летната програма со својот тим и поради само еден неодговорен потег, оваа година ќе земе 70% помалку од својата плата.

Триумфот на Мареј на Вимблдон е најсреќниот ден за Британците

Денот по историската победа на Енди Мареј кој во финалето беше подобар со 3:0 од најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, за поголемиот број од Британците бил најсреќниот ден оваа година.

Нокаут од небото

Постојат повеќе начини еден спортист да заработи повреда на терен, но сигурно никој не ни претпоставува дека падобранец може да ти слета на грб. За среќа овој бејзбол играч од колеџ лигата на САД помина без сериозни повреди.

Крајот на ерата на Федерер?

Веќе е клише да се вели дека никогаш не смееме да го отпишеме Роџер Федерер, но со последните негови настапи тој само ги потврдува предвидувањата дека се ближи крајот на ерата на 31-годишниот тенисер.

Федерер доби крава

Организаторите на турнирот во Гштад решија да му се заблагодарат за учеството на Роџер Федер со еден подарок - крава. Ова не е прва крава која тие му ја подаруваат.

Новиот дом на рагбистите од Алабама

Универзитетот Алабама потроши 9 милиони долари за реновирање на просториите на нивниот рагби тим и го доби најмодерниот тренинг центар и објект на кој би му позавиделе сите спортски екипи од светот.

Бадминтон хулигани

Сме виделе тепачки во скоро сите спортови, па редно беше да видиме една и на бадминтон. Двајца Тајланѓани кои на Олимписките игри настапуваа заедно, се степаа на бадминтон првенството во Канада, а едниот од нив заврши со два конци за исекотина на увото.

Ѓаволот на Тур де Франс

Дури и да немате изгледано ниту една етапа на било која велосипедска трка, сигурно некаде сте налетале на слика од брадест ѓавол како скока околу велоспедистите. Тоа е Диди Сенфт, еден од најпознатите спортски фанови на планетата и неофицијалан маскот на Тур де Франс.

Скок кој не го може ниту Џордан

Џастин Џејмс Вот кој е член на рагби клубот Хјустон Тексанс е висок 196 см, а тежок 131 килограм, но тоа не му пречи да скока во височина колку што не можат ниту НБА ѕвездите. Најновиот негов рекорд е 59,6 инчи или 1,5 метри, и тоа од место. Јунакот за два дена на Јутјуб собра скоро 700.000 посети

Момент на годината: инспиративниот тачдаун

Џек Хофман успеа да направи нешто што на малку луѓе им тргна од рака оваа година. Тој го победи Енди Мареј. 7-годишното дете кое е болно од тумор на мозокот со неговиот тачдаун ги победи Мареј, фудбалерката Морган и тренерот Пагано во категоријата „Најдобар момент" во изборот на ESPN.