Здравствената состојба на Михаел Шумахер значително се влошила во неделата попладне и лекарите се борат за неговиот живот.
44-годишниот поранешен Ф1 шампион во неделата настрада по пад при скијање при што ја удрил главата од камен и заработил тешки повреди.
Шумахер бил итно префрлен во болница во Гренобл со хеликоптер, а за време на транспортот тој бил во свесна состојба. Првите информации беа оптимистички, но неговата ситуација се промени во вечерните часови.
„Шумахер е примен во болница во Гренобл во повреда при скијање во Марбела. При пристигнувањето тој имаше тешка повреда на главата со кома заради која беше неопходно да се оперира. Останува во критична состојба", се вели во соопштението од болницата.