Михаел Шумахер бил опериран во 22 часот, а операцијата траела околу два часа. Медицинскиот тим констатирал мало подобрување, но сепак следните два дена најверојатно ќе бидат клучни за неговата неизвесност.
„Ситуацијата се уште му е критична, но во однос на вчера малку е подобрена. Синоќа во согласност со неговото семејство одлучивме повторно да го оперираме за да му го намалиме интракранијалниот притисок. Операцијата помина добро и траеше два часа, но не можеме да кажеме дека е надвор од опасност", изјавија лекарите.
44-годишниот поранешен Ф1 шампион кој во неделата настрада при пад од скијање на француските алпи, заработи тешки повреди на главата и беше итно со хеликоптер префрлен во болницата Гренобл во Франција. Се претпоставува дека пред падот развил брзина помеѓу 60 и 100 км на час.