Луксузниот живот на најбогатиот спортист во светот

Иако имаше развод кој го чинеше 110 милиони долари, за Тајгер Вудс тоа не е пречка да се лиши од скапи куќи, јахти и приватен авион со кој прави обиколка низ светот. Најбогатиот спортист за 2013 година живее како Бог и се верува дека до сега заработил 1,3 милијарди долари.

Тој е најплатен голф играч на сите времиња. 109 милиони долари од неговото богатство се од победничките премии.

Најголемиот дел од парите ги заработува од маркетингот од кој само минатата година заработил 71 милион долари.

Во 2013 година потпиша нов договор со Најк кој вреди повеќе од 200 милионскиот на ирскиот голф играч Рори Мекелрој.

Неговата појава чини многу пари. Во Турција само за учество на турнир доби 3 милиони долари, а домаќините го закочија сообраќајот на мостот кај Истнабул кој ги спојува Азија и Европа за Вудс да бие од едниот до другиот континент.

До 2009 година според Форбс тој стигна до чиста заработувачка од 600 милиони долари.

Неговата јахта долга 50 метри вреди 20 милиони долари.

Изгради куќа во Флорида со голф игралиште која вреди 55 милиони долари.

Кога за време на турнирите изнајмува куќи, без разлика што престојува само неколку дена мебелот си го носи од дома.

Има и приватен авион кој го купи за 64 милиони долари.

Посветува многу време и троши многу пари во својата хуманитарна организација за млади „Фондација Тајгер Вудс". Само во 2011 година вложи 12 милиони долари.

14 јануари 2014 - 11:51