Натпреварот е познат како „Winter Classic", а оваа година честа да играат на првиот ден од годината имаат екипите на Детроит Ред Вингс и Торонто Мејпл Лифс на стадионот „Ен Арбор" во Мичиген пред рекордна посетеност која е забележана на еден натпревар во историјата на хокејот.
До сега се судруваа само американски екипи, а хокеарите на Торонто се првите кои настапија од Канада на ова новогодишно издание на НХЛ лигата.
По регуларниот дел кој заврши 2:2, на крајот тие беа поуспешни во серијата на пенали со што станаа првиот канадски тим кој триумфирал на хокеарскиот меч на отворено.
„NHL Winter Classic" за прв пат се одржа во 2008 година пред нешто повеќе од 70.000 гледачи. И покрај тоа што времето беше многу поладно од претходните изданија, беше постигнат рекорд од 105.591 гледач.